МАРТ

Месецот на Жената и пролетта

Повеќе >>

Игор МC Јакимовски со своја објава по завршените Воени Олимписки Игри 2019 во Кина

Завршија 7_те Воени олимписки игри кои се одржаа во Вухан ,НР Кина во периодот од 18.10 до 27.10.2019год.
АРМ по четврти пат после Индија 2007, Бразил 2011 и Ј.Кореа во 2015 година, учествуваше со свои спортисти на овој глобален светски настан од военото семјство наречено ЦИСМ.

Мојата Армија, ценејќи го целиот мој труд, лојалност и спортски ангажман, ми ја додели најголемата одговорност на овој мега настан да бидам Шеф на нашата Воена делегација и воедно да се натпреварувам за својата армија и татковина.

Почитувани мои колеги, спортисти, љубители на атлетиката и сите останати…

Нашата делегација за време на целата Воена олимпијада, престојот во Вухан, НР Кина и самото учество на атлетските натпревари , со најпрофесионално, одговорно, спортско и достоинствено однесување ја преставуваше својата армија и татковина.
Нашето однесување, национален репрезент и спортска култура беше причина плус да оставиме силен впечаток кај земјата домаќин, но и кај останатите преставници од другите армии со кои разменивме и споделивме силни пораки да иднината на ова модерно живеење ја градиме на ист начин како што вели и самото лого на нашето големо светско воено спортско семејство ЦИСМ – “ПРИЈАТЕЛСТВО ПРЕКУ СПОРТ”.

Она што ќе ни остане во долго сеќавање од овој мега настан е беспрекорната, моќна и до сега незабележана врвна организација на Воената Олимпијада од земјата домаќин НР Кина.
Беспрекорно се испланирано и реализирано до совршенство со ангажман на преку 100.000 луѓе (војници, волонтери, организациски одбори, обезбедување, судии, подршка…).
Целата олимпијада е планирана и подготвувана од 2015та па навака, а самата церемонија на свеченото отворање била подготвувана цели 2 години и таа сите нас присутни на олимпискиот стаион во Вухан не остави без зборови од совршената реализација(подолу на линкот може да се погледне).

Главниот момент за кој дојдовме на оваа олимпијада е нашиот настап во кралицата на спортовите – атлетиката.
Како шеф на Воената делегација и воедно капитен на нашата атлетска делегација ќе го дадам моето реално мислење и оценка за нашите настапи и постигнати резултати.

Милош Ранчиќ – Настапи во дисциплините на 5000м и 10.000м. Постигна резултати според моите очекувања, односно 15.56 на 5.000м и 32.52 на 10.000м. Самото постигнување на свое најдобро време на 10.000м и соборувањето на армискиот рекорд во оваа дисциплина, кажува се за тоа што остварил Милош на оваа олимпијада. Респект Милоше и само продолжи напред со статусот бр.1 во нашата армија.

Жан Тосев – Настапи во дисциплините на 5000м и 10.000м. Постигна резултати под моите, но и негови очекувања, односно 18.16 на 5.000м и 36.52 на 10.000м.
Сите бевме свесни дека Жан не беше најподготвен за настап на оваа олимпијада, но неговото учество на ова врвно натпреварување беше заслужено со неговите резултати во првиот дел од сезоната. Неговите најдобри резултати во кариерата се далеку подобри од овие и сите се надеваме дека што поскоро тој ќе се врати на шампионскиот колосек.

Марија Пеликон – Настапи во дисциплината 1500м и постигна резултат од 05.56. За нејзе ова беше прв настап на ваков голем спортски настан и самото деби резултираше да постигне послаб резултат од посакуваното.Неискуството и големата желба за подобар резултат беше пресуден фактор да вториот дел од трката го истрча послабо и го оствари тоа време.Во секој случај ова беше чекор од кој мора да тргне секој спортист за следните цели.

Мојот настап беше во најтешката дисциплина маратон и притоа постигнав време 02.57.19. За мојот резултат пресудете сами, а јас само ќе дадам реално мое самокритично мислење.
Моите очекувања беа во рамките на сите претходни маратони кои ги финиширав успешно, односно во ракмите на 02.52 до 02.58 и успеав да ја постигнам таа цел, но секако ќе бев најзадоволен доколку тоа беше резултат под 02.54. Воедно овој мој таргет резултат го имав до почетокот на 37от километар, но последните 6км ги истрчав во голема криза и загубив цели 3 минути со што паднав на 02.57.19. Тоа е бруталноста на маратонот која никогаш не кажува пардон на никого.

Саше Даневски – тренер и шеф на мисијата.
Одлично и професионално сработено со врвен професионален однос и грижа кон своите спортисти.
Неговата професионалност од доменот на спортското образование, стручни совети и подршка на самите натпревари кон нас беше на највисоко ниво. Саше само продолжи со својот професионален и стручен ангажман во нашата армија.

Почитувани мои…
Нашите настапи се круна на еден голем процес на подготовки, тренирање и голема жртва која ја даваме за овој прекрасен спорт.Нашиот настап може да трае и неколку минути за цела една година за што сме се подготвувале, жртвувале и дале некој дел од себе…
Затоа ја бараме Вашата подршка за да успееме во иднина затоа што верувајте дека не е лесно да бидеш национален репрезент со таа огромна одговорност.Секоја наша победа, но и пораз се дел од нашиот макотрпен спортски живот и затоа сте ни потребни секогаш да бидете со нас.
Оваа наша прекрасна спортска приказна заврши, а веќе следната е за 3 недели на војничкиот маратон во Фрауенфелд , Швајцарија каде очекуваме одлични постигнувања како претходните години.

Во име на целата делегација Ви се заблагодарувам на Вашата искрена подршка и Ви ветуваме уште подобри резултати.

Линк од свеченото отварање на Воената олимпијада…

Close
Sign in
Close
Cart (0)

No products in the basket. No products in the basket.