×

Cart

Subtotal:
НАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Fenix 8, Forerunner, Venu 3, Vivoactive 6 - Погледнете повеќе  
 

Приклучи се на GARMIN МК тимот 

Сакаш smart технологија, го препознаваш брендот GARMIN, комуникација со клиенти е работа што ја посакуваш? Повели, нудиме можност да се приклучиш на нашиот тим.

Услови кои треба да ги исполнуваш? Немаме услови, ако имаш 18 години, се пронаоѓаш во продажба и промоција на врвна smart технологија, за сѐ друго ќе поразговараме, ќе ти понудиме и ќе ти помогнеме да се вклопиш во тимот!


Во моментот бараме 2 нови членови на тимот на позиција

Асистент на продажба и поддршка во GARMIN Канцеларија Скопје
( 20 часа работно време неделно, GARMIN канцеларија СКопје, Центар, Понеделник до Петок, Сабота по договор и со бонус, флексибилно распределени термини, во договор со колегите)

Што нудиме:

Еден до три месеци пробен платен период на соработка во 20 работни часа недлено.
Очекувана нето плата 15000 до 60000 денари, зависно од искуство, редовност и одговорност, бонус од остварувања на личен акаунт, бонус од остварувања на тимот, Active Lifestyle бонуси, Creator бонуси, допопнителна соработка во презентација и логистика.
...
Кои се главните работни активности:

Како дел од тимот за комуникација, продажба и дигитална поддршка, вашиот фокус во дневните 4 работни часа ќе биде насочен кон пет клучни области:

Дигитална корисничка поддршка (garmin.mk/support)
Комуникација со клиенти на социјални мрежи и Newsletter
Ажурирање и контрола на информации и цени на веб-сајтот
Прием на клиенти кои сакаат кратка презентација на одреден уред или однапред најавиле подигнување на нарачка
Управување со нарачки од клиенти (garmin.mk & ERP). Секојдневна проверка, прифаќање и обработка на пристигнатите нарачки од клиенти и веб-продавницата. Подготовка и уредно пакување на уредите за предавање на курирската служба за брза достава.

...

Ако ти е важно, нудиме можност за долгорочна соработка и развој на кариера позади интернационална компанија и премиум производител GARMIN, модерна и дигитална работна околина, личен и кариерен развој со учество на настани, обуки и предавања.

Ако се препознавате на оваа позиција, пополнете ја формата за апликација.


 

Прашањето е плата? 🙂

Одговорот е, ДА платата е важна, нашата цел е секој член во тимот да има конкурентна плата, согласно своето искуство, можност за континуирано напредување, финансиска награда за секој твој и заеднички тимски резултат.