×

Cart

Subtotal:
Погледнете ја нашата BLACK FRIDAY понуда. Кликни за повеќе  
 

7 причини зошто да користите GARMIN GPS навигација наместо телефон или вградена навигација во автомобилот

 
 

Со сѐ поголемиот напредок во технологијата на паметните телефони, користењето на GPS за навигација низ улиците го направи патувањето од точка А до точка Б многу полесно и побрзо. На почетокот, ова „разбуди“ неколку прашања кај нашите клиенти од типот на: Зошто да купам GPS навигација за во автомобил кога и мојот телефон има мапи на него? И, мора да признаеме, тоа е фер прашање - зошто да ги трошите вашите тешко заработени пари на нов уред кога оној што веќе го имате ќе ја заврши улогата? Но, тука е „тајната“: вашиот паметен телефон не работи исто толку добро како GARMIN GPS навигациите што се наменски изработени за оваа цел. И, иако горенаведеното прашање и сомежи ги има сѐ помалку, ние се потрудивме да издвоиме дел од причините зошто сепак GARMIN навигацијата е клучен уред за секој возач.

 

1. Траење на батеријата

Современите паметни телефони, и покрај сите свои предности, не се познати по нивната способност да траат импресивно време од едно до друго полнење. Иако, и во автомобилот имате можност за полнење на вашиот телефон, најчесто при тоа телефонот се загрева, а тоа може да доведе до негово трајно оштетување, токму во моментите кога ви е најпотребен. Затоа, GARMIN GPS навигациите се специфично креирани да го немаат тој проблем. Со едноставно поврзување на навигацијата со вашето возило со кабел за напојување, кој го добивате во сетот при купување на навигацијата, таа ќе биде подготвена секогаш кога и вашиот автомобил ќе е.

 

2. Поголема покриеност

 

„Можеш ли да ме слушнеш сега?“ Оваа озлогласена рекламна кампања го истакнува очигледното - услугата за мобилни телефони не е секаде достапна. Особено ако тргнувате на долго патување, големи се шансите да возите низ места каде што вашиот телефон не може да ја добие ни потребната конекција за да испрати текстуална порака, а камоли да ги собере сите потребни податоци за да ве насочат од точката А до точката Б. Имањето на GPS уред со претходно инсталирани мапи ќе ве поштеди од ваквите нервози и проблеми што можат да ви се случат доколку снемате сигнал на вашиот мобилен за време на пат. 

 

 

3. Помалку одвлекување на вниманието

За ова нема да должиме многу. Веруваме дека на секој од вас барем еднаш му се случило во текот на возењето да биде пренатрупан од информации од телефонот. Нотификации, пораки, телефонски повици - сите овие можат да влијаат на возењето, а исто така и на мапата што ја прикажува телефонот. Со GPS производ како што е серијата GARMIN DriveSmart, можете да се фокусирате на она што е навистина важно, а тоа е: безбедно пристигнување на вашата дестинација. 

 

4. Појасно и полесно гледање на екранот

 

Со големини на дисплеј што достигнуваат до 7“ со GARMIN DriveSmart 76, светол екран на допир со висока резолуција од раб до раб и јасна графика, нема паметен телефон што може да ја замени оваа прегледност на GARMIN навигациите.

 


5. Лесно одржливо и ажурно

Можеби сте си помислиле да купите автомобил со вградена навигација. Иако навидум ова изгледа на добра опција и може да се чувствувате како да сте нашле две решенија со еден уред, доколку размислувате долгорочно ќе сфатите дека тоа и не е баш така. Патиштата се менуваат - а на возачите им се потребни најновите достапни податоци од картата. Најчесто навигацијата што ќе ја добиете со автомобилот вклучува многу стари верзии на мапи. Па така, ако ги погледнете цените за самото ажурирање во овластените сервиси, ќе ви стане јасно дека само со нивно неколкукратно ажурирање ќе ја добиете сумата за целосно нова GARMIN навигација чии мапи може да си надградувате во удобноста на вашиот дом, кога сакате, без дополнителни плаќања. Токму така, GARMIN навигациите вклучуваат ажурирања на карти без дополнителни скриени надоместоци. 

 

6. Ефикасно

Ако вашиот интернет нема лимит на користење или пак патувате во странство, тогаш користењето на вашиот паметен телефон за навигација на патување може да биде скапа грешка. Можеби си помисливте сега „Па добро ќе ја симнам мапата на телефонот и ќе ја го исклучам интернетот“. Нема да бидеме скромни и ќе ви кажеме дека со ова си креирате само уште повеќе нервози, а причините за тоа се токму оние што ги покривме претходно. Ви се исклучи мапата, телефонот, ви заѕвони некој, не се симнала мапата целосно - проблемите се бесконечни. И, да, секогаш постои можноста да застанете да побарате wi-fi од некое место и да ја симнете мапата од почеток, но што ако нема такво место во близина, а вие сте во брзање? И, уште полошо, што ако треба овој процес да го повторувате неколку пати во текот на патувањето?

 

Од друга страна, со еднократното купување на GARMIN навигација овие проблеми ќе исчезнат. Нема прекини и нема потреба од дополнително плаќање секој пат кога ќе одлучите да ја користите мапата.

 

7. Приватност на податоците

GARMIN не ги продава вашите лични податоци. Тоа значи дека податоците за вашата локација и историјата на патувања припаѓаат на вас и само на вас.

 

Погледнете ја целата понуда на GARMIN навигации на нашиот сајт.

 

 

 

Тука сме за секоја поддршка при изборот на модел.

 

Мила Павловска

GARMIN Showroom Manager

mila@garmin.mk

+389 75 306 200