Повеќето луѓе ја гледаат благосостојбата како рамнотежа помеѓу менталното и физичкото здравје. И додека и двете се важни, всушност во целокупната благосостојба има повеќе од овие два поима - поточно уште пет. Кога станува збор за вашата благосостојба, има вкупно седум компоненти кои сите заедно работат за да влијаат на квалитетот на вашиот живот. И иако тој број може да звучи застрашувачки, сите тие се концепти што сме сигурни дека веќе ви се познати, но можеби им немате посветено поголемо посебно влијание на секоја од нив.
Па, ајде сега да ги разгледаме детално една по една и секако, да ви дадеме пријателски совет како до подобар и поквалитетен живот.
Физичко здравје
„Движете го вашето тело секој ден“. Сите сме го слушнале тоа илјада пати. И додека движењето е дел од физичката благосостојба, тоа не е единствениот дел. Правилната храна може да направи огромна разлика во тоа како се чувствувате и колку добро функционира вашето тело.
Емоционална благосостојба
Емоционалната благосостојба се состои од тоа да ги препознаете вашите емоции какви што се и да си дадете простор да ги почувствувате. Прилагодете се на вашите мисли и изразете ги. Имајте на ум: од сите велнес димензии, оваа бара најмногу самосвест и самоприфаќање.
Социјална благосостојба
Ова е помалку за просперитет во групи, а повеќе за интеракција во нашите заедници - без разлика како таа заедница ви изгледа. Социјалната благосостојба е почит кон себе и почит кон другите кога станува збор за придонеси во врската. Изградете значајни врски, поддржувајте се еден со друг и комуницирајте отворено.
Интелектуална благосостојба
Истражувајте нови вештини, најдете нови предизвици, земете ново хоби за да ги диверзифицирате вашите искуства. Едноставно кажано, никогаш не губете ја желбата за учење - поставувајте прашања и барајте да разберете.
Духовно здравје
Оваа димензија изгледа различно за секого. Духовната благосостојба значи да барате цел и смисла во вашиот живот. Како тоа изгледа зависи од вас. Некои луѓе тоа го наоѓаат преку медитација или влегување во природа. Без оглед на тоа како е направено, имањето сет на водечки верувања може да помогне да се даде насока на вашиот живот.
Еколошка благосостојба
Оваа велнес димензија е да останеме свесни за нашето влијание врз земјата. Обидете се да ги зачувате ресурсите, внимавајте на потрошувачката и рециклирајте.
Професионално здравје
Оваа димензија се фокусира на исполнувањето на работното место, а истовремено бара од вас да создадете здрави граници помеѓу животните обврски и кариерата. Рамнотежа помеѓу работата и животот… тоа не е лесен концепт. Но, тука главната идеја е дека кога работите, работите кон нешто што се чувствува вредно за тоа кој сте и кој сакате да бидете.
Сега кога веќе ги разработивме секоја од димензиите, ајде да ги погледнеме придобивките од велнес програмите и како GARMIN може да ви помогне.
Придобивки од велнес програми
Како што се зголемува прифаќањето на технологијата и луѓето сѐ повеќе го разбираат нејзиниот ефект врз благосостојбата, така расте и трендот на инкорпорирање на паметните часовници и уреди што ги поддржуваат велнес иницијативите. Голем дел од студиите направени низ текот на годините покажуваат дека комбинирањето на уред за носење со персонализирани цели за чекори и дневни повратни информации ги зголемува нивоата на активност на краток и долг рок.
Доказите кои ги поддржуваат вежбањето, правилната исхрана и социјализацијата како лек се огромни. Најефективниот начин за спречување на болести и подобрување на биометриските резултати е со додавање на ефикасна иницијатива за физичка активност во велнес програма. Вежбањето има домино ефект кој не само што го намалува крвниот притисок, туку и холестеролот, мерењето на гликозата и многу други параметри.
Па така, дали ако ви кажеме дека носењето на паметен часовник е директно поврзано со значително зголемување на физичката активност и намалување на индексот на телесна маса и крвниот притисок, ќе ни верувате? Или пак ако сѐ почесто ни се случува да добиеме повик со „Ве молам препорачајте ми паметен часовник што ги мери сите параметри на благосостојбата, докторот ми го препорача тоа“? Да, токму така. Лекарите ширум светот се добро запознаени со импактот што паметните часовници го имаат врз животот на луѓето.
Функциите за следење на здравјето и благосостојбата на GARMIN паметните часовници можат да ги поддржат вашите напори за подобрување и одржување на вашето здравје.
Одржувањето здрав начин на живот може да биде предизвик, но за тоа што ќе добиеме вреди да се вложи. Сè повеќе докази покажуваат јасни односи помеѓу навиките за спиење, нивоата на физичка активност и резултатите од менталното здравје.
Кликнете овде за да ги погледнете нашите уреди што може да ви помогнат „будно“ да ја следите вашата целокупната благосостојба.
Тука сме за поддршка и информации при избор.
Мила Павловска
GARMIN Showroom Manager
mila@garmin.mk
+389 75 306 200