Сакате да сте сигурни и безбедни додека седите зад воланот на вашиот автомобил? Сигурносната камера која лесно и брзо се прикачува на контролната табла е вистинскиот производ кој ќе ви понуди мир и спокој кога станува збор за заштита на автомобилот. GARMIN нуди широк спектар на камери дизајнирани да одговараат на потребите на секој возач. Од џебни модели со овозможен GPS и напредни функции, вклучувајќи пренос во живо, до dual dash камери за целокупен јасен преглед во внатрешноста и надворешноста од вашиот автомобил. Па, баш така како што кажавме, GARMIN има камера која со сигурност ќе одговара на вашите потреби.
Пред да ви ги опишеме нашите dash камери, сакаме да ви дадеме одговори на едни од најчесто поставуваните прашања за овие уреди.
Што е dash камера?
Драго ни е што прашавте. Dash-камера е компактна камера што е поставена на предното ветробранско стакло на возилото, честопати дискретно сместена зад ретровизорот на возачот. Која е нејзината главна функција? - Да им овозможи на возачите да снимаат видеа додека се на пат, но и да го заштитат автомобилот од секакви предизвици. Ваквата камера може да ја обезбеди потребната заштита и да служи како доказ при случаен сообраќаен инцидент.
За што служат Dash камерите?
Dash камерата е одличен начин да ви помогне да се заштитите вас и вашето возило во сообраќајниот метеж. Воедно, постојат и камери со функции за LTE, функции за надзор на возилата, вклучувајќи преглед во живо, како и следење локација и предупредувања за кражба. Веруваме дека оваа информација веќе ви го зголеми чувството на безбедност и дека сте нетрпеливи да дознаете повеќе за GARMIN dash камерите. Па, ајде да го одговориме и последното прашање пред да се осврнеме на нивните функционалности.
Зошто GARMIN е вистинскиот избор за вас?
Сите GARMIN dash камери се исклучително дискретни и компактни, се контролираат преку гласовна функција и можат да се поврзат со дури четири камери преку мрежата на повеќе камери. Повеќето од нашите dash камери имаат и GPS, снимаат видео резолуција помеѓу 1080p и 4K и имаат опции за автоматско складирање во облак за лесно споделување фотографии и видеа.
Значи, без разлика за која камера ќе се одлучите, бидете сигурни дека ќе уживате во јасни HD видеа и слики во сите часови од денот.
GARMIN Dash Cam Live е ултимативен придружник за оние што им даваат приоритет на функциите за поврзување и надзор во реално време. Со јасно HD видео од 1440p и широк објектив од 140 степени, оваа камера постојано снима кога е вклучена, снимајќи го секој детаљ и овозможувајќи спокој во секој момент од денот.
Оваа камера ќе ве предупреди ако сте премногу блиску до друго возило на патот, доколку се оддалечувате од вашата лента или пак се приближувате до црвено светло на семафорот.
Ако сте фанатик за минимализмот, тогаш GARMIN Dash Cam Mini 2 е за вас. Мала, но моќна, оваа ултра компактна dash камера има одличен видео квалитет — 1080p и видно поле од 140 степени. Не е лошо за камера со „големина на клуч“, нели?
Оваа камера нема LCD дисплеј на задната страна на уредот, што ви овозможува импресивно помала големина на камерата без да се жртвуваат карактеристики како што се јасноста на видеото со висока дефиниција, автоматско откривање инциденти и гласовна контрола. И, со апликацијата GARMIN Drive, можете автоматски да складирате фотографии и видеа во вашиот безбеден онлајн „сеф“ со брз и лесен пристап.
Оваа камера нуди лесно искуство за снимање со исклучително јасно видео од 1440p HD. Потребно ви е широко видно поле од 180 степени? GARMIN Dash Cam™ 67W го нуди токму тоа! Уживајте во многу од функциите како и Dash Cam Live, вклучувајќи автоматско снимање, откривање инциденти со GPS, далечински преглед во живо, функции за информирање на возачот и друго. Воедно, можете и да ја поврзете оваа камера со уште три модели на GARMIN dash камера и да добиете квалитетни снимки што ќе ви дадат детален преглед од неколку гледни точки.
Со два објективи за камера, GARMIN Dash Cam Tandem снима и внатрешни и надворешни снимки со двојни леќи. Идеален за возачи кои го споделуваат возењето, Dash Cam Tandem обезбедува целосна видливост во вашето возило со екстра широко видно поле од 180 степени и 1440p, овозможувајќи сеопфатно покривање на активностите на патниците дење или ноќе, благодарение на нашата ексклузивна технологија за ноќно гледање NightGlo™.
Во режимот за надзор на паркирање, Dash Cam Tandem снима движење пред и внатре во возилото кога е паркирано и исклучено.
Па, ако и вие мислите дека дојна заштита е подобро од единечна, веќе ја откривте најдобрата камера за вас.
За крај, ќе кажеме дека без разлика на вашите потреби, GARMIN нуди решение за dash камера прилагодена за секој. Истражете ја нашата целосна палета на dash камери и направете го првиот чекор кон удобност и спокој во секој момент од денот.