Летното време и убавите сончеви денови се одлична можност да излезете надвор и да започнете нешто ново. Секако, без разлика дали станува збор за правење на вашите омилени активности на отворено или пак откривање на нови авантури, може да се соочите со прашањето: Како и од каде да започнам?
Иако за многумина топлите летни денови се причина за останување дома, ние сакаме да ве мотивираме попријатните саати да ги искористите максимално продуктивно.
Па, еве што ви препорачуваме како дополнителен мотиватор за поголема грижа за благосостојбата во лето:
GPS паметен часовник: вашиот омилен придружник на отворено
GARMIN го лансираше првиот fēnix® часовник во 2012 година. Тој првично беше развиен за планинари, така што неговата намена била и секогаш ќе се развива на оваа страна. Од првиот Fēnix, GARMIN напорно работи на развивање на технологијата со цел постојано да им помага на ентузијастите на отворено. Веќе Fenix прерасна во најсеопфатниот мултиспортски часовник во smartwatch светот, а многу од неговите технологии се приспособени во различни верзии на часовници наменети за специјализирани цели, а дел од нив ќе ги дознаете на самиот крај.
Како што се прошируваше fēnix семејството, GARMIN продолжи да интегрира функции за секојдневниот живот, што го прави еден од најпопуларните „секојдневни“ паметни часовници. Со многуте супериорни функционалности што ги нуди, fēnix стана дигитален придружник кој ќе ви помогне да одржите вистински баланс помеѓу работата и секојдневните обврски со благосостојбата и здравиот живот. GARMIN никогаш не престана да го подобрува надворешното наследство на fēnix. Со лансирањето на серијата fēnix 7 Pro во 2023 година, неговите карактеристики се подобри од било кога.
Кои карактеристики треба да ги барате во еден часовник со цел да имате најдобро искуство во било која активност на отворено?
Соларно полнење
Во 2019 година, GARMIN воведе соларно полнење за да го зголеми животниот век на батеријата. Ова ви овозможува да се фокусирате на она што сакате да го правите и воопшто да не се грижите дали вашиот часовник ќе биде во можност да го прати секој ваш чекор. Во fēnix 7X Pro Solar, можете да добиете и до 37 дена траење на батеријата во smartwatch режим, со едно полнење.
AMOLED дисплеј
Неопходно е да имате часовник со јасно осветлен екран, поготово кога сте на отворено. Со нашата серија epix, ќе добиете неверојатно светол AMOLED екран за да можете лесно да пристапите до секоја авантуристичка карактеристика на саатот што ќе ја посакате.
Вградена LED светилка
Она што е ново со серијата fēnix 7 Pro е LED светилката што воедно доаѓа и со црвено безбедносно светло. Одлична алатка за тренирање, трчање и планинарење во вечерните часови.
ABC сензори
ABC е кратенка за Altimeter, Barometer и Compass. Ова се три важни метрики при истражување на нови места. Тие ви помагаат да ја истражувате вашата следна патека овозможувајќи ви податоци за надморската височина, следење на промените во времето и електронскиот компас со три оски кој ќе ви овозможи секогаш да знаете каде одите.
Вградени спортски апликации
GARMIN часовниците имаат однапред вчитани профили за активности за трчање, велосипедизам, планинарење и многу повеќе. Овие активности ќе ви помогнат да следите различни метрики, а потоа сите ќе бидат пренесени на бесплатната апликација Garmin Connect® за да можете да прегледате информации од вашата активност како што се калориите, времето, растојанието и слично.
Следење на хидратација
Да останете хидрирани при активности на отворено е исклучително важно. Со оваа функција, можете да го регистрирате дневниот внес на течности со што ќе имате увид доколку ви треба дополнителен потсетник за пиење вода. Кога е овозможена автоматската цел, ќе ги забележите дури и параметрите на проценета загуба на пот по некоја активност, а вашата цел за внесување на течности ќе се прилагоди соодветно.
Сега се прашувате од каде да започнете? Еве ги нашите предлози што дефинитивно вредат да се имаат:
Fēnix: серија на паметни GPS часовници која е на врвот на истражувањето и атлетизмот, наменета за секој што сака врвни перформанси на отворено
epix™: врвен мултиспортски GPS паметен часовник, кој има сè што е супериорно кај fēnix, но е надграден со светол, AMOLED дисплеј
Instinct®: GPS паметен часовник што не личи на другите паметни GPS часовници. Ова е одличен избор за оние што штотуку почнуваат со активности на отворено
quatix®: мултиспортски паметен GPS часовник што е активен на копно и на вода. Одличен избор за секој кој е фанатик на морепловството.