×

Cart

Subtotal:
Погледнете ја нашата BLACK FRIDAY понуда. Кликни за повеќе  
 

Pulse Ox на Garmin: Што е тоа и како функционира?

 
 

Функцијата Pulse Oximetry или Pulse Ox на GARMIN паметните часовници ви нуди увид и поддршка на вашата целокупна благосостојба.

 

Без разлика дали сте спортист кој се стреми кон врвни перформанси или некој кој само е фокусиран на целокупната благосостојба, функцијата Pulse Ox на компатибилните GARMIN часовници може да обезбеди вредни увиди за нивото на кислород во крвта во вашето тело. Со проценување на количеството на кислород во крвта додека патува низ вашето тело, читањата на Pulse Ox ви покажуваат дали клетките во вашето тело го добиваат кислородот што им е потребен за нивно правилно функционирање

 

Исто така познат како SpO2, Pulse Ox користи врвна технологија на GARMIN сензорите за да ви помогне да ги следите нивоата на заситеност со кислород во крвта и тоа и додека сте будни и за време на спиењето. Додека дишете, вашите бели дробови извлекуваат кислород од воздухот, кој потоа влегува во крвотокот и циркулира низ вашето тело со секое отчукување на срцето.

 

На Pulse Ox параметарот можат да влијаат различни фактори како што се надморска височина, физичка активност и индивидуални здравствени состојби. Сепак, според одредени истражувања заклучено е дека здравите нивоа на заситеност со кислород во крвта често се движат од 95% до 100%. Добивањето на параметар понизок од 92% може да се смета за низок, а ниските отчитувања може да се поврзат со низа здравствени проблеми кои може да бараат дијагноза и третман од професионално лице. 

 

Иако вашиот GARMIN паметен часовник не се смета за медицински уред и не е наменет за следење на медицински состојби, сепак, функцијата Pulse Ox на GARMIN часовниците е одличен показател за вашата благосостојба кој ќе ве предупреди доколку имате потреба да побарате помош и мислење од стручно лице.

 

Пронајдете го вашиот личен GARMIN здравствен асистент сега!