×

Cart

Subtotal:
Погледнете ја нашата BLACK FRIDAY понуда. Кликни за повеќе  
 

4 функционалности на GARMIN часовниците специјално креирани за секоја жена

 
 

Веќе е добро познато дека женското тело е неверојатно. Но, иако можеби нема потреба да ви ги набројуваме причините зошто е тоа така, тука сме за да ви помогнеме да го одржувате вашето тело во најдобра состојба за да ви помогне да се справите со секојдневните предизвици.

 

Овие функции можат да играат клучна улога во следењето на едни од главните метрики на женскиот пол во текот на денот. За кои метрики зборуваме? Замислете да можете на вашиот GARMIN часовник да добивате информации за квалитетот на вашиот сон па сѐ до информации за менструалниот циклус. Бидете свесни за сите различни фактори кои играат улога во тоа како се чувствувате и што можете да направите за да го одржите или пак да го подобрите своето расположение. 

 

Следење на менструалниот циклус

Паметните часовници GARMIN можат да ви помогнат да го следите вашиот менструален циклус како и сите фактори што можат да влијаат вклучувајќи ја исхраната, тренингот и општото здравје. Сето ова, со можност да се следи дирекнто од вашиот GARMIN часовник. Менструалниот циклус на жената обично вклучува различни нивоа на хормони во типична временска рамка од 21 до 35 дена. Ова е период каде што чувствата и расположението, па дури и телото постојано се менуваат од ден на ден, па сигурни сме дека ќе ви биде од голема помош кога вашиот GARMIN ќе ви покаже како сѐ да ставите под контрола.

 

Дали знаевте дека за време на фоликуларната фаза ви се зголемува нивото на естроген? Можеби малку необично, но во текот на оваа фаза вашето тело е физички  најспремно. Па така, доколку за време на следниот менструален циклус се осетите спремни за поенергичен тренинг во споредба со претходно, не се чудете. Кажете му фала на естрогенот и земете ги потешките тегови во рака. 

 

Квалитет на сон

Времетраењето и квалитетот на сонот влијаат на речиси секој друг аспект од перформансите на вашето тело во текот на денот. Затоа, GARMIN часовниците имаат сензори со цел напредно следење на спиењето кои наредното утро ќе ви дадат оценка од 0 до 100 базирајќи се на комбинација од неколку аспекти како стрес нивото, будења во текот на вечерта, колку долго сте спиеле и многу повеќе. Воедно, ова е и една од главните работи зошто е толку важно да го носите GARMIN часовникот дури и кога спиете.

 

Body Battery

Исто како и показателот за гориво на вашиот автомобил, функцијата Body Battery на GARMIN часовниците е дизајнирана да ви помогне да управувате со точното количество енергија што ви останува во вашиот личен резервоар - вашето тело. Овој параметар ги зема предвид физичката активност, стресот, одморот и спиењето - и сите начини на кои тие фактори влијаат на вашите резерви на енергија. Колку повеќе го следите, толку повеќе ќе разберете како активностите и изборот на животниот стил влијаат на целокупното ниво на енергија, овозможувајќи ви соодветно да се приспособите со цел секој ден да станувате подобра верзија од себеси.

 

Ниво на стрес

Кога сте под стрес, вашето тело е во покачена физиолошка состојба. Користејќи првенствено податоци за отчукувањата на срцето (HR) и варијабилноста на отчукувањата на срцето (HRV), GARMIN часовниците можат да го измерат вашето ниво на стрес на скала од 0-100 и да ви помогнат да го разберете вашето тело колку добро реагира на предизвиците на животот и околината во која се наоѓате. 

 

Пронајди го твојот омилен GARMIN паметен часовник сега!