Се сеќавате на стариот велосипед за вежбање што вашите родители го префрлија во најправливиот агол од подрумот - оној што звучеше како да ќе полета во секој момент? Епаа, оттогаш изминавме долг пат. Всушност, изминавме долг пат од 2019 година, кога GARMIN го објави паметниот тренер Tacx NEO 2T кој со години е нашиот премиум паметен тренер кој ги содржи сите функции што вие ги побаравте. Но, сега веќе нова ѕвезда на овој подиум.
Tacx NEO 3M е новиот златен стандард на GARMIN паметните тренажери, обезбедувајќи ви најреално и удобно искуство за возење на велосипед во затворен простор.
Tacx NEO работи со NEO магнетен мотор и виртуелен замаец. Ова нуди неколку предности во однос на другите тренажери кои со помош на менувачот ја симулираат ротацијата на тркалата генерирана од велосипедистот и, на крајот, создаваат бучава и несакано триење.
Серијата GARMIN паметни тренажери ви нуди тивка работа, моќност, прецизност и супериорна симулација. Тие се најдобра опција за секој велосипедист, без разлика дали тренирате за голема турнеја, сакате реално, но умерено возење во текот на зимските месеци или едноставно барате пријатен начин да го зголемите срцевиот ритам со помош на справа што нема да заврши во подрумскиот агол.
Ајде сега да видиме што сѐ треба да барате во еден паметен тренажер?
1. Магнетно кочење
Магнетниот мотор на виртуелен замаец овозможува магнетно сопирање - што пак овозможува поголема сила на сопирањето и нивоа на моќност. Дури и за време на експлозивни спринтови до 2200 вати, ќе ја одржите максималната стабилност за време на вашето возење. Таа поголема сила на сопирањето им овозможува на NEO тренажерите да поддржуваат симулирани наклони до 25% со создавање висок отпор при мали брзини.
2. Симулирани спуштања
NEO паметните тренаќери автоматски ќе забрзаат додека се спуштате по ридот при виртуелното возење. Ќе почувствувате намалување на отпорот, а виртуелниот замаец, придвижуван од внатрешен мотор, ќе се врти побрзо. И бидејќи NEO 3M е изграден за секое тело, динамичката инерција што се применува кога возите ќе се заснова на вашата вистинска маса - што значи дека косините на надолнина ќе се чувствуваат исто како што би се чувствувале ако навистина се спуштате по рид.
3. Реално чувство на патот
Бидејќи NEO 3M е контролиран од мотор, може веднаш да се модифицира, што му овозможува да создава вибрации кои имитираат возење на отворено кога се вози во апликацијата Tacx Training™ или Zwift. Чувството на чакал, калдрма или нечистотија со секое движење на педалата ќе биде толку реално што ќе заборавите дека всушност возите во вашата дневна соба.
4. Интегрирано повеќенасочно движење
Онаму каде што повеќето паметни тренажери имаат потреба од дополнителни делови за да се постигне повеќенасочно движење (што ќе ви предизвикаат поголеми трошоци и ангажирање), NEO 3M го има сето тоа вградено во себе. Возачите можат да ја вклучат или исклучуваат функцијата по потреба, елиминирајќи ја потребата да купат посебен производ за да постигнат поудобно и пореално искуство. Намерно дизајниран за свиткување од страна на страна, NEO 3M не остава ништо на случајноста нешто да ви зафали.
5. Стабилност и намалени вибрации
Сите придобивки од виртуелниот замаец - вклучувајќи ја инерцијата заснована на масата на вашето тело и магнетното сопирање без потреба од дополнителна опрема - водат до постабилно возење. А вистинското чувство на патот може да се исклучи или вклучи, во зависност од вашите преференции.
Покрај специфичните придобивки кои произлегуваат од технологијата Tacx NEO, паметните тренажери Tacx се подобрени со нивните способности за поврзување. Ќе имате пристап до библиотека со висококвалитетни видеа за да возите низ различни локации низ светот или да правите виртуелни Group Rides со пријателите во апликацијата Tacx Training на вашиот компатибилен телефон или таблет.
Сите податоци за возењето автоматски ќе се синхронизираат со апликацијата Garmin Connect™ за лесен пристап, заедно со повеќе детали за вашето возење, како напредувате и останатите податоци за здравјето и благосостојбата на вашето тело од вашиот компатибилен паметен часовник или компјутер за возење велосипед.
Дознајте повеќе за Tacx Neo 3M паметниот тренажер тука.