Празнични попусти

GARMIN часовник е одличен подарок!

Повеќе >>

Beach Run е серија на трки која ќе се одржи на 5 локации покрај вода во Македонија
(Скопје, Преспа, Дојран, Маврово и Охрид) во текот на јуни и јули 2018 година, во вид на летна лига во трчање, составена од три трки на 5км, една на 10км и еден полумаратон.

Датуми и локации
Среда, 20 јуни 2018 Скопје 5К
Сабота, 23 јуни 2018 Преспа 
Сабота, 7 јули 2018 Дојран 
Недела, 22 јули 2018 Маврово 5К/HM
Недела, 29 јули 2018 Охрид 10K

Пријави се на овој линк: http://prvdovrv.mk/beachrun

ПОБЕДНИЦИТЕ ВО ВКУПНИОТ ПЛАСМАН ВО МАШКА И ЖЕНСКА КАТЕГОРИЈА ДОБИВААТ НАГРАДА GARMIN FORERUNNER 935 – премиум часовник

 

Правила за учество
Во трките може да учествува секој што сака да се натпреварува во трчање, на една, неколку или на сите предвидени трки од серијата.

На секоја од трките ќе бидат наградени најбрзите тројца во машка и женска конкуренција, а сите натпреварувачи кои успешно ја истрчале трката ќе освојат поени според постигнатото место, кои понатаму ќе служат за формирање рејтинг табела и одредување на победникот на серијата. Најдобрите тројца во машка и женска конкуренција во вкупниот пласман на серијата освојуваат награди.

Награден фонд
На секоја од трките, најдобрите тројца во машка и женска конкуренција, освојуваат медали и парична награда од 3.000, 2.000 и 1.000 денари, за прво, второ и трето место (вкупен паричен награден фонд од 1.000 евра).

Најдобрите тројца во машка и женска конкуренција на целата серија трки, освојуваат пехари и вредносни ваучери за спортска опрема од 300, 200 и 100 евра.

Најдобриот тим во машка и најдобриот тим во женска конкуренција на целата серија трки, освојуваат пехари.

Секој учесник кој ќе ги истрча сите пет трки од серијата, освојува финишер медал.

Пријавување
Пакет цена за учество на сите пет трки изнесува 1.500 денари. Секој регистриран натпреварувач добива:
– маичка Beach Run 2018
– стартен број (важи за сите трки од серијата)
– освежување за време на трките
– ужина по трката
– финишер медал за успешно истрчан полумаратон во Маврово
– финишер медал за истрчани пет трки од серијата

Цената за учество на една трка изнесува 600, односно 700 денари за полумаратонот во Маврово. Секој регистриран натпреварувач добива:
– маичка Beach Run 2018
– стартен број
– освежување за време на трката
– ужина по трката
– финишер медал за успешно истрчан полумаратон во Маврово

Цената за учество на една трка без маичка изнесува 300, односно 500 денари за полумаратонот во Маврово. Секој регистриран натпреварувач добива:
– стартен број
– освежување за време на трката
– ужина по трката
– финишер медал за успешно истрчан полумаратон во Маврово

Програма на настаните
– Регистрација и евиденција на учесниците, најмалку еден час пред трката
– Трка на 5км/10км/Полумаратон
– Прогласување победници и забава
– Музичка програма и модератор за целото времетраење на настанот
– Последниот настан во Охрид има дополнителна програма за прогласување на победниците на целата серија со забава

Друго
– Патните трошоци се на товар на учесниците. Доколку постои интерес за заеднички превоз, организаторот ќе обезбеди автобуски превоз од Скопје до локациите во Македонија по најниска можна цена.
– Замена на оштетен или изгубен стартен број чини 300 денари
– Термините на секоја од трките ќе бидат дополнително одредени во согласност со оддалеченоста на локацијата, а предвид ќе биде земен и возниот ред на јавниот превоз
– Организаторот го задржува правото да изврши измена во локациите на одржување на трките заради новонастанати објективни фактори.

GARMIN е поддршка во Вашите спортски успеси и резултати. Тренирајте и натпреварувајте се со мерните резултати од GARMIN уредите за спорт.

Forerunner

GARMIN forerunner часовниците ги мерат сите потребни параметри од вашиот тренинг и за вашиот ден воопшто. Мерат пулс …

Close
Sign in
Close
Cart (0)

No products in the basket. No products in the basket.