Се спремаш за првата 5к трка, или пак можеби имаш маратон за скоро време? Се освеживте со нови патики, нова облека за тренинг.. но сеуште се двоумите каков часовник да земете?
Серијата GARMIN Forerunner моментално е достапна во 4 варијанти, Forerunner 45, Forerunner 245/245 music, Forerunner 745 и Forerunner 945. Тешка одлука нели? Затоа сме тука ние да помогнеме. Во овој блог ке се потрудиме што е можно подетално да ви ги објасниме разликите меѓу овие модели за да може да ви помогнеме со одлукaта.
GARMIN Forerunner 45
Forerunner 45 е најосновната верзија од сите 4 часовници. Ако сте во самите почетоци на трчањето, возењето велосипед или пак сакате да го подобрите вашето физичко здравје, Forerunner 45 е одлична опција за вас, со вграден GPS, мерач за пулс, body battery, stress level, калории, чекори, вградени апликации за трчање, пешачење, возење велосипед и кардио.
Сите овие работи ви одговараат но недостига нешто? Музика? Можеби можност да се симнат апликации за други спортови? Погледнете ги другите модели и се ке ви се разјасни.
GARMIN Forerunner 245/245 music
Сакате часовник со повеќе функции, ви го препорачуваме Forerunner 245/245 music, најчестиот часовник кај маратонците, полу маратонци и сите останати трчачи. Што го прави овој часовник да биде најактуелен часовник кај трчачите? Главните разлики се, поголема GPS батерија, односно 24 часа GPS батерија во споредба со Forerunner 45 кој има само 13 часа батерија со вклучен GPS. Дополнително, Forerunner 245 има свои music модели, односно опција да се складира музика на часовникот преку вашиот компјутер/лаптоп, преку Spotify, Deezer, Amazon Music и други достапни апликации. Forerunner 245 моделот исто така има опција за мерење PulseOx, функции за пливање во базен, теретана/фитнес каде може и да се внесат одредени вежби преку GARMIN Connect апликацијата доколку немате идеа што да вежбате . Исто така на овој модел има можност за да се симнат други апликации за спорт по ваша желба.
GARMIN Forerunner 745
Најновиот модел од серијата, Forerunner 745. Широк избор на вградени апликации за спорт, Running, Virtual Running, Track Running, Hiking, Climbing, Open Water Swim, и главната разлика што ги двои 245 и 745 е опцијата Thriatlon.
Forerunner 745 дополнително се издвојува со тоа што има опција за складирање музика на секој часовник, има опција Garmin Pay, повеќе за тоа на www.garmin.mk/garmin-pay-halkbank/ и добивате дневни сугестии за тренинг базирани на моменталниот training load и training status кои понатаму ке ви помогнат за поуспешни резултати на натпреварувањата. Моќна батерија за издржување и на најдолгите и најтешките трки. Сите овие прекрасни функции доаѓаат во мала димензија 43.8 x 43.8 x 13.3 mm со тежина од само 47 грама, што го прават овој часовник уникатен.
GARMIN Forerunner 945
Стигнавте до тука а претходно ги прочитавте сите можности и се прашувате : “Што ли може повеќе да има овој часовник?”
Forerunner 945 моделот е најмоќниот часовник од серијата Forerunner, најчесто и споредуван со часовниците од Fénix 6 серијата. Forerunner 945 ги има сите функции за спорт како , Running, Virtual Running, Track Running, Hiking, Climbing, Open Water Swim, Thriatlon, Fitness, опција за складирање музика, Garmin Pay, Training Load, Recovery Time, Pulse Ox.. Главната разлика што го одвојува овој модел од другите е тоа што има вградена мапа, преку 2000 ски стази и батерија од 14 дена во Smartwatch Mode, што е дупло разликата во споредба со своите “помали браќа”. Доколку сакате модел каде што ке “заборавате” да ја полните батеријата, да трчате долги трки или да отидете на авантура на непознато место, тогаш Forerunner 945 е вистинскиот избор за тебе.
За подетални информации околу моделите можете да не посетите во нашиот Showroom на Бул. Партизански Одреди 107, тука можете да ги видите, пробате и нарачате омилените Forerunner модели.
+ 389 75 313 111