×

Cart

Subtotal:
Погледнете ја нашата BLACK FRIDAY понуда. Кликни за повеќе  

Слушајте ја омилената музика преку вашиот GARMIN часовник

Сакате да трчате, пешачите и планинарите додека ги слушате вашите омилени песни, но немате каде да го ставите телефонот и мора постојано да го држите во рака? Оставете го дома, GARMIN часовниците имаат music опција!

GARMIN часовниците со причина ја имаат заслужено титулата на пионери помеѓу големиот избор на smart часовници. Иако за многумина се познати по нивните робусни способности за следење на фитнес метрики, помеѓу плејадата на функции се наоѓа и музичката функционалност – омилен новитет за сите љубители на музиката и фитнесот.

Музичката функционалност на GARMIN часовниците ги ослободува корисниците од „зависноста“ од мобилните телефони. Со вградениот капацитет за складирање кој се движи од 4 до 32 GB, во зависност од моделот, можете да креирате персонализирана плејлиста со сите ваши омилени песни. 

4 чекори до тренинг исполнет со музика директно од вашиот GARMIN часовник

Од поспортски до поелегантни, GARMIN часовниците совршено прилегаат на секој стил. Со вграденото складирање музика, беспрекорната интеграција со популарните платформи за стриминг музика и напредните функции за следење на фитнесот, GARMIN часовникот ќе ви стане незаменлив додаток во вашето секојдневие. 

Одберете го најдобриот music GARMIN часовник за вас со ексклузивна намалена цена до 31 март.

Покрај бесплатната GARMIN Connect апликација, GARMIN, на своите корисници ја нуди и бесплатната Connect IQ апликација достапна и на Android i iOS. GARMIN Connect IQ е моќна платформа која ја проширува функционалноста на GARMIN часовниците дозволувајќи им на корисниците да преземаат и инсталираат дополнителни апликации, widgets, data fields и watch faces, директно на нивните компатибилни GARMIN уреди.

 

Убавината во оваа функционалност е тоа што GARMIN часовниците ја имаат можноста да се поврзат со најпопуларните платформи за стриминг музика како што се Spotify, Deezer и Playrun. Ова ви овозможува да ги синхронизирате своите плејлисти и подкасти директно на вашиот GARMIN часовник, а со музичките контроли лесно ќе можете да прескокнувате песни, да ја прилагодите јачината на звукот или да ја паузирате песната. Останете комплетно фокусирани и мотивирани во текот на вашиот тренинг со помош на:

Deezer ви нуди повеќе од 73 милиони песни кои може да ги слушате преку компатибилните GARMIN часовници каде и да одите. Преземете ги вашите омилени плејлисти и песни и — со Deezer Flow — добијте нова доза музика избрана за вас лично. 

Spotify ќе ви овозможи да ја најдете вистинската музика за секој момент со пристап до повеќе од 35 милиони песни, без реклами.

Изберете го омилениот подкаст, креирајте си ваша сопствена плејлиста, синхронизирајте и подготвени сте за трчање.

Или која било друга стриминг платформа што вас ви е омилена.

Последниот чекор е брзото и лесно поврзување на GARMIN часовникот со Bluetooth слушалки, и тоа е тоа.

GARMIN ви посакува добар тренинг исполнет со забавна музика!

Тука сме за секоја поддршка при изборот на модел.
Мила Павловска
GARMIN Showroom Manager
+389 75 306 200