МАРТ

Месецот на Жената и пролетта

Повеќе >>

На релација од Пашаџиково до локалитетот Аеродром кај рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини ја поминале за 19 часа и 19 минути, односно почнале рано наутро, а завршиле во ноќните часови.

Резултатот го мереа со GARMIN edge 530 bundle, премиум bike компјутер

– Еверестинг е веќе позната индивидуална велосипедска дисциплина во светот, а кај нас е сè уште малку застапена. Целта е на една иста патека да се повторува висинска разлика толку пати колку што е потребно да се достигне висината на Монт Еверест, односно 8.848 метри. Ние ја избравме оваа секција кон Пониква, а должината на патеката е 5,9 километри и висинска разлика од 410 метри. Притоа истата патека ја поминавме 25 пати и искачивме вкупна височина од 10.237 метри, односно ја надминавме височината на највисокиот врв во светот и дополнително ја возевме височината на Пониква. Досега рекордот во нашата земја го држеа двајца други велосипедисти, но тие имаа постигнато помала височина, изјави Панче Зафиров, велосипедист на МТБ Исток.

Со ова нивно достигнување тие допринесуваат и за промоција на капацитетите на Осоговските Планини за развој на рекреативниот планински велосипедизам.

Close
Sign in
Close
Cart (0)

No products in the basket. No products in the basket.