Излеговте без паричникот, а на патот кон вашиот дом ви текна дека партнерот ве замоли да купите нешто пред да се вратите дома? Инстантна фрустрација на дополнително „губење“ време и пат. Но, не и за нашите GARMIN корисници. Тие го имаат решението – GARMIN Pay!

GARMIN Pay е решение за бесконтактно плаќање дизајнирано за луѓе кои се постојано во движење. Без разлика дали ќе треба да купите нешто на патот кон дома или ќе посакате шолја кафе по утринското трчање, GARMIN Pay ви овозможува да купувате брзо и без напор, а сѐ што ви е потребно е вашиот часовник. 

Нема паричник? Нема телефон? Нема проблем.

За сите љубители на технолошките иновации, GARMIN часовниците се фаворит не само поради нивните врвни фитнес карактеристики, туку и поради иновативниот пристап кон секојдневната функционалност. Според нашите корисници, помеѓу безбројните карактеристики што ги издвојуваат GARMIN часовниците, GARMIN Pay зазема централно место, револуционизирајќи го начинот на кој тие прават трансакции денес.

GARMIN Pay им нуди на корисниците сигурен и едноставен начин да купуваат без да треба да посегнат по нивните паричници. Оваа функција е беспрекорно интегрирана во GARMIN часовниците, трансформирајќи го вашиот моден додаток во дигитален паричник.

Како функционира GARMIN Pay?

GARMIN Pay користи технологија Near Field Communication (NFC), овозможувајќи му на вашиот часовник да „комуницира“ со компатибилни терминали на продажните места. Процесот е едноставен и безбеден, а сѐ што е потребно е да ги додадете информациите од картичката во апликацијата GARMIN Pay на вашиот телефон. Потоа, со само неколку кратки чекори, GARMIN Pay е лесно достапен од компатибилниот GARMIN часовник. Внесете ја вашата лозинка, изберете ја вистинската кредитна картичка од вашиот виртуелен паричник и држете го зглобот до читачот на картички – тоа е тоа. Нема потреба да барате телефон, картички или готовина. Доколку ви треба дополнителна помош за поставување, погледнете го  следново видео. 

Кој сѐ може да ги има придобивките од GARMIN Pay?

Една од најдобрите карактеристики на GARMIN Pay е неговата широка компатибилност со главните даватели на картички. Денес, речиси секаде можете да вршите бесконтактни плаќања со картица. Милиони продавници нудат бесконтактни плаќања, а листата на компатибилни банки и кредитни картички е голема и секојдневно се надополнува. Во Македонија, GARMIN Pay, може да го користат сите корисници на Visa и MasterCard од Стопанска Банка и Халк Банка и VISA картичките од Комерцијална Банка.

Се прашувате дали ова е безбедно?

Загриженоста за безбедноста на бесконтактните плаќања е разбирлива, но ние даваме приоритет на безбедноста на нашите корисници. GARMIN Pay системот користи токенизација, процес кој ги заменува чувствителните информации од картичката со единствен дигитален токен. Ова значи дека дури и во ситуација некој да ги пресретне податоците на трансакцијата, тој нема да добие пристап до вашите реални информации. Секако, корисниците можат да постават и дополнителни безбедносни мерки, како што се PIN-кодови, додавајќи дополнителна заштита на целиот процес.

Кои GARMIN часовници поддржуваат GARMIN Pay?

Речиси сите GARMIN часовници ја имаат функцијата за бесконтактно плаќање со GARMIN Pay. Со тоа, сигурни сме дека секој ќе може да си го пронајде омилениот GARMIN часовник кој ќе одговара на неговиот стил, а воедно ќе може да ги ужива и придобивките на брзо, лесно и безбедно бесконтактно плаќање.


Побрзајте и искористете ги попустите кои траат до 31.03.2024 година.

Тука сме за секоја поддршка при изборот на модел.
Мила Павловска
GARMIN Showroom Manager
+389 75 306 200

 

Close
Sign in
Close
Cart (0)

No products in the basket. No products in the basket.