×

Cart

Subtotal:

Ќе трчате ли на SEMOS – VODNO 10k 2024?

На 31.03.2024 во 10 часот се одржува Семос Едукација Водно 10к 2024.
Старт Средно Водно до Манастир Пантелејмон.

GARMIN го поддржува трчањето, па секој финишер добива вредносен ваучер со 7% намалување на секој производ. Регистрирајте се на https://garmin.mk/voucher

Организатор СЕМОС Едукација/Атлетски клуб Фортиус.
Семос Едукација како најголем IT тренинг центар во Македонија, на 31 март и оваа година ќе го организира спортскиот настан “Семос Едукација Водно 10К”, чија основна цел е промоција на спортот, рекреацијата и здравиот начин на живот.

Техничката организација ќе биде целосно реализирана од Атлетскиот клуб Фортиус од Скопје. Право на учество има секој вљубеник во трчањето.
Трки
• 10км
• Штафета (2×5км) – составена од двајца учесници
Стартот на трката е од Средно Водно, ќе се трча до манастирот “Свети Пантелејмон” и назад, со вкупна должина од 6 милји, односно околу 9,6 км. Покрај трката од 10км, ќе се трча и штафета со пријава на двајца учесници кои ќе трчаат по 5км по истата патека, а измената ќе биде на паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“.
Секој тим е може да е во мешан состав и се состои од 2 членови.
Тимовите може да бидат составени од индивидуалци или вработени во компании, организации, институции и сл. Една компанија може да пријави неограничен број на тимови со додавање на реден број или збор после името.
Кај штафетната трка, награди од спонзорите ќе добијат првите три пласирани екипи во машка, женска и мешана штафета.
Секој тим го охрабруваме да трча во сопствена брендирана облека со која ќе го претстави идентитетот на својата компанија.
Награди
Награди за главната трка на 10км се предвидени за првите пет места во машка и женска конкуренција:
1. 7.000 денари + 200 евра Семос ваучер
2. 5.000 денари + 200 евра Семос ваучер
3. 3.000 денари + 200 евра Семос ваучер
4. 2.000 денари
5. 1.000 денари
Награди од спонзорите се предвидени и за првопласираните во машка и женска конкуренција во следните категории:
• 50+
• 60+
• 70+години
Кај штафетната трка, награди од спонзорите ќе добијат првите три пласирани екипи во машка, женска и мешана штафета.
Стартен пакет
• Стартен број со чип
• Освежителни станици на патеката и на целта
• online резулати
• online диплома
• бесплатни фотографии
• Подароци од спонзорите
• Финишер медал
• 50 евра Семос ваучер
Котизација
• 10 км до 31.01.2024 изнесува 700 денари,
од 01.02.2024 до 25.03.2024 800 денари
• штафета до 31.01.2024 изнесува 1000 денари,
од 01.02.2024 до 25.03.2024 1200 денари.
Рок за пријавување
Пријавувањето е отворено до 25.03.2024 до 23:59 часот.
Пријавете се на: https://runnerspot.com/event/Semos10K