МАРТ

Месецот на Жената и пролетта

Повеќе >>

Велосипедизмот е спорт, но и одлично хоби кое позитивно влијае на нашето тело и здравје. Ако сте почетник, или сакате да почнете со велосипед, креиравме серија од совети од нашиот докажан велосипедист, државен првак Никола Лефков.

Повелете, прочитајте ги советите, а тука сме и за ваши прашања на кои Никола ќе ви одговори со задоволство.

  1. Вовед во велосипедизам >>
  2. Зошто да започнам да возам велосипед? >>
  3. Што ми е потребно за да почнам да возам велосипед? >>
  4. Како Garmin ќе ми помогне да станам подобар велосипедист? >>
  5. Сервис и одржување на велосипедот >>
  6. Дали си подготвен за твоето прво возење? >>

Cycling

Велосипедот е Вашиот спорт или хоби? GARMIN има технологија да Ве мотивира и да ги мери вашите резултати ...…

Вовед во велосипедизам

Преземањето на првиот чекор кон нешто ново никогаш не е лесно, но штом донесеме одлука да започнеме нови работи и да им останеме доследни, тогаш не гледаме назад. За многумина, донесувањето одлука да започнат да возат велосипед е одлука која им го менува животот. Дефинитивно има многу што да се земе предвид кога започнувате со велосипедизам и може да се доведете во фаза на overthinking, но возењето велосипед и уживањето во велосипедизмот е едноставно. Велосипедот е само клучот за авантурите што ќе ги отклучите.

Овој текст го пишувам користејќи ги сопствени искуства за прашањата што вообичаено ги поставуваат „почетници велосипедисти“ за да дадам одредена насока од каде да започнат кога влегуваат во велосипедизам.

Зошто да започнам да возам велосипед?

Постојат многу добри причини да започнете да возите почесто. Да бидете фит и да одржите здрав начин на живот е една од очигледните причини, но исто така студиите покажуваат дека возењето велосипед позитивно влијае на ментално здравје и ја намалува анксиозноста што може да доведе до депресија.

“Бегството” од  градот и уживањето во свежиот воздух, надополнедто со погледите кои го “крадат” здивот, може да биде совршена терапија по напорната недела исполнета со стрес. За многумина, возењето соло е единствената шанса за да поминат време сами со себе. Тивкото возење може да ви помогне да размислите и да го најдете својот мир. За други, дружењето во групното возење додава социјален елемент што ви помага да стекнете нови пријатели.

Без разлика дали соло или групно возење, велосипедизмот ќе ви овозможи ново чувство за авантура и незаменливо чувство на слобода.

Што ми е потребно за да започнам со велосипедизам?

Освен очигледното – велосипед, има прилично многу опрема што ќе го направи велосипедизмот на долги дистанци и поудобен и побезбеден. Но, нема брзање да истрчате и да купите сè наеднаш. Па дури и пред да купите нов велосипед и да се посветите да станете „велосипедист“, добра идеја е да пробате возење велосипед на подолги дистанци со веќе постоечки кој го имате или да позајмите. Препорачувам пробување на повеќе величини и различни брендови пред вложување на посериозна сума на пари во велосипед.

Покрај велосипедот, некое основно ниво на опрема кое би требало да ја поседува секој велосипедист е следнaва:

  1. Кацига – апел до сите велосипедисти редовно да ја носат
  2. Резервна гума и multitool алатка – дупната гума не е причина да се заврши тренингот пред планираното, ја менувате и продолжувате.
  3. Шише со вода
  4. Сајла за заклучување – доколку го оставате велосипедот надвор од домот

Понатаму, како навлегувате во спортот, веројатно ќе сакате да направите напредок, тоа доаѓа природно. Тука можеме да дополниме со:

  1. Дрес со перниче 
  2. Педали со заклучување + чевли
  3. Велосипедски компјутер, сензор за пулс, сензори за speed/cadence, power meter педали или часовник

Како Garmin уред ќе ми помогне да станам подобар велосипедист?

На почеток, велосипедизмот е интересен сам по себе. Уживањето во природата, подобрувањето на формата и изгледот, дружбите со пријателите, помагаат да се лачи среќата во нас. Но, како и во се останато, откако ќе станете добри во нешто, сакате да се подобрувате и  да ви биде поинтересно. Тука се раѓа компетитивниот дух. Ќе се интересирате за колку време поминувате одредена дистанца, споредбено со другите, споредбено со себе претходната сезона, колку километри сте поминале денес, овој месец, оваа година, која ви е просечната брзина, на колку метри надморска висина сте се искачиле итн. Важен фактор е и heart rate-от кој гармин сензорите го мерат, креирање зони и контролирање заради задржување на здравјето пред се.


Понатаму, доколку често патувате, сакате да истражите нови предели откако ќе ги откриете локалните, гармин овозможува креирање рути кои понатаму ќе ги префрлите во вашиот гармин уред и ќе можете со најдобра навигација да уживате дури и ако прв пат сте на одреден предел без притоа да се прашувате каде би можел да возам, дали ќе го пронајдам вистинскиот пат, каков е теренот што ме очекува. Накусо, гармин има одговор на сите прашања кога се работи за анализа на тренингот, планирање на наредниот и пред се, креирање на рутите.

Секој од нас има различни интереси и целиот гармин уред ќе си го персонализира во зависност од своите потреби и очекувања.

Сервис и одржување на велосипедот

За жал, дури и со сосема нови велосипеди, работите можат да тргнат наопаку. Најчесто првиот проблем со кој треба да се справат новите велосипедисти се дупнатите гуми на тренинг. Ако претходно не сте смениле внатрешна гума на велосипед, тогаш е добра идеја да научите брзо. Зошто да не пробате да вежбате пред вашето прво возење? Постојат многу видеа на Youtube за менување и лепење на гуми, но и основни поправки како подесување на кочниците, брзините и слично. Како и да е, додека не сте целосно сигурни во своите способности за поправање, сите поголеми поправки препорачувам да ги направи професионален механичар.
Околу одржувањето, треба редовно перење на велосипедот, подмачкување на ланецот и проверување на притисок во гумите. Тоа е основното одржување, а понатаму треба и еднаш месечно или по потреба да се проверуваат и останатите делови дали се целосно исправни, дали е се како што треба заради одржување на безбедноста додека сте на велосипед.

Дали си подготвен за твоето прво возење?

Се надевам дека на оние кои што планираат да започнат со велосипедизам им помогнав со некои базични совети без премногу навлегување во детали. Доколку имате некакви прашања на кои би можел да ви користи мој совет, слободно можете да ми се обратите. 

Спортски поздрав и се гледаме по патиштата.

 

Close
Sign in
Close
Cart (1)

Subtotal: 43.380 ден

View basketCheckout