×

Cart

Subtotal:

3 совети за подобар тренинг од GARMIN

Секој нареден ден е нова можност да се фокусирате на личниот раст и развојот во психичкото и физичкото здравјето. Без разлика дали сте спортист, фитнес ентузијаст или само некој што сака да го подобри својот животен стил, одвојувањето време за квалитетен тренинг може да доведе до долгорочно здравје.

 

GARMIN ви нуди широк спектар на производи кои можат да ви помогнат да научите како да го искористите вашиот потенцијал и да имате максимални придобивки од секој тренинг. Па, со таа цел, издвојуваме неколку совети кои ќе ви овозможат подобрување на целокупниот живот.

 

  1. Поставете јасни цели

 

Започнете го вашето фитнес патување со поставување јасни и остварливи цели. Без разлика дали сакате да го подобрите темпото на трчање, да ја зголемите силата или да одржувате здрав начин на живот, поставувањето на цел ќе ве одржува мотивирани и конзистентни..

 

Како GARMIN часовниците можат да ви помогнат да го следите вашиот напредок и цели?

 

Бесплатната GARMIN Connect апликација, достапна и на Android и iOS, е сеопфатна фитнес платформа која се синхронизира со вашиот GARMIN уред со цел да ви обезбеди детален увид во вашиот тренинг. Можете да ги следите вашите активности, пулсот, па дури и да добивате персонализирани планови за тренинг врз основа на вашите цели.

 

 

 

 

 

GARMIN часовниците обезбедуваат сеопфатни податоци за вашите тренинзи, вклучувајќи потрошени калории, пулс, растојание, темпо, време, елевација и многу други параметри. Следењето на отчукувањата на срцето за време на вежбањето е клучно за оптимизирање на вашиот тренинг. GARMIN часовниците имаат напредни монитори за отчукување на срцето кои можат да ви помогнат да тренирате во целните зони, што ќе ви овозможи да го извлечете максимумот од секоја тренинг сесија. Со анализа на сите метрики што ги мерат напредните сензори на GARMIN, ќе можете да ги идентификувате областите во кои сте добри, но и оние во кои би можеле да се подобрите.

 

 

Поставете ги вашите цели во GARMIN Connect апликацијата за различни видови активности, како што се трчање на одредено растојание или постигнување целен пулс. И, бидете подготвени GARMIN часовникот да ве изненади со мотивирачка порака кога ќе реализирате одредена цел.

 

 

GARMIN ви нуди персонализирани планови за различни активности, вклучувајќи трчање, возење велосипед и пливање. Овие планови се дизајнирани врз основа на вашето моментално ниво на подготвеност и вашите цели. Ова ви нуди целосно дигитално финтес искуство кое ви овозможува дигитална координација со вашиот фитнес тренер во секој момент.

 

  1. Пронајдете го најдобриот тип на тренинг за вас и останете конзистентни

 

Вклучете различни вежби во вашето секојдневие. Ова ќе ви овозможи тренингот никогаш да не ви здосади и да таргетирате различни мускулни групи од вашето тело. Но, запомнете дека само ова не е доволно. Во овој начин на живот, најважни се дисциплината и конзистентноста. Тие се клучни за да напредувате. GARMIN може да ви помигне да останете доследни на вашите цели и да имате одлично фитнес секојдневие. Но, иако е важно да се предизвикувате секојдневно да бидете најдобрата верзија од себе, погрижете се и да го слушате вашето тело и да му го дадете одморот што му треба. GARMIN часовниците го следат и вашиот сон и одмор, обезбедувајќи вредни информации за тоа кога треба да одморите или да го прилагодите интензитетот на тренингот.

 

 

  1. Прославете ги вашите достигнувања

 

И, last but not least, дајте си аплауз самите на себе и прославете ги вашите достигнувања. GARMIN часовниците се тука за вас во секое време за да ви ги следат перформансите со секој изминат ден. Така, многу лесно и брзо ќе можете да го согледате целиот напредок што сте го постигнале, а тоа ќе придонесе кон уште подобри перформанси на наредниот тренинг. 

Ако сеуште не сте одбрале GARMIN часовник, еве неколку наши предлози.

Тука сме за секоја поддршка при изборот на модел.
Мила Павловска
GARMIN Showroom Manager
+389 75 306 200