Новите Venu 3

Достапни за преднарачка

Повеќе >>

Трка на 5 км. Старт и цел е на патеката на кејот на реката Вардар – Кај Жабарот


, веднаш до скејт паркот.
Се трча по асфалтираната патека до мостот кај Александар Палас и назад (точно 5км.).

Може да учествува секој што сака да трча. Трката се организира со цел да се промовира трчањето и здравиот активен начин на живот и да се поттикне себенадминувањето.

Пријавување и подигнување на бројчињата e во 8ч. а старт е во 8ч. 30мин. Стартнина не се наплаќа и секој учествува на сопствена одговорност. Ве чекаме на трка!

Контакт: Кокан Ајановски 078 402 665 ; [email protected]
Категорија: мажи и жени. Апсолутна категорија, заклучно со 45 години и над 45. Поени добиваат првите 20 натпреварувач(к)и. Поените се добиваат на овој начин:
25 22 20 18 16 15 14 13 12 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
Првиот дел ќе биде од февруари до јуни, а вториот од септември до декември. Се собираат поените од секоја трка, со исклучок на една во прв дел и една од втор дел. Нема негативни поени. Организаторот го задржува правото на промена во организацијата со претходна најава.

Close
Sign in
Close
Cart (0)

No products in the basket. No products in the basket.