МАРТ

Месецот на Жената и пролетта

Повеќе >>

Активниот животен стил позитивно влијае на нашето расположение и здравје. Рекреативно или натпреварувачки, трчањето, велосипедизмот, пливањето, планинарењето, прошетките во природа се одличен начин нашето тело да биде во форма.

GARMIN е мотиватор за Вашиот активен стил. Елегантни спортски smart часовници со функции кои ги следат и мерат вашите активности.
Заедно со апликацијата Garmin Connect во која се пренесуваат и анализираат податоците, GARMIN часовниците ви прикажуваат комплетна слика за вашиот животен стил.


Најпрво, ги следат и анализираат вашите дневни активности 24/7, вашиот пулс, дневно одење/чекори, искачени скали, период на спиење, ниво на просечен стрес …


При секоја ваша активност можете да изберете апликација, одење, трчање, велосипед, пливање, планинарење, скијање или други активности и да го вклучите вашиот GARMIN да ја сними рутата на движење, времето, пулсот, V02Max капацитет. Со завршувањето на тренингот или трката со еден клик ја стопирате активноста и вашиот GARMIN веќе ги има сите анализи кои безжично ги пренесува до Garmin Connect.

Така имате комплетна слика дали сте доволно активни, дали напредувате во тренинзите, дали се подобрени вашите резултати.

Професионални спортисти или рекреативци, GARMIN има голем избор модели, соодветно за секоја потреба, а нашиот тим Ви стои на располагање за совет и инструкции за избор и понатамошно користење.

Close
Sign in
Close
Cart (0)

No products in the basket. No products in the basket.