МАРТ

Месецот на Жената и пролетта

Повеќе >>

Beach Run е серија на трки која ќе се одржи на 5 локации покрај вода во Македонија (Скопје, Преспа, Дојран, Маврово и Охрид) во текот на јули и почетокот на август 2019 година, во вид на летна лига во трчање, составена од три трки на 5км, една на 10км и еден полумаратон.
Датуми и локации
Недела, 7 јули 2019 Скопје 5К во 8:30 на Кеј кај Влада
Недела, 14 јули 2019 Дојран
Недела, 21 јули 2019 Преспа 
Недела, 28 јули 2019 Маврово 5К/HM
Сабота, 3 август 2019 Охрид 5K/10K
ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА ОВОЈ ЛИНК: https://prvdovrv.mk/register.php?beachrun

Професионалните атлетичари, а и огромен број рекреативци користат GARMIN forerunner часовници за тренинг, натпревар и анализа на податоците. Вие само натпреварувајте се, forerunner мери се што треба да се знае и анализира!

Forerunner

GARMIN forerunner часовниците ги мерат сите потребни параметри од вашиот тренинг и за вашиот ден воопшто. Мерат пулс …


Резултати 2018

Скопје 5К
Преспа 5К
Дојран 5К
Маврово 5К/ПМ
Охрид 5К/10К
Вкупен пласман

Правила за учество
Во трките може да учествува секој што сака да се натпреварува во трчање, на една, неколку или на сите предвидени трки од серијата.

На секоја од трките ќе бидат наградени најбрзите тројца во машка и женска конкуренција, а сите натпреварувачи кои успешно ја истрчале трката ќе освојат поени според постигнатото место, кои понатаму ќе служат за формирање рејтинг табела и одредување на победникот на серијата. Најдобрите тројца во машка и женска конкуренција во вкупниот пласман на серијата освојуваат награди.

Бодување
На секоја од петте трки, сите натпреварувачи кои успешно ја завршиле трката освојуваат поени според следново:

ПОЗИЦИЈА СКОПЈЕ, ПРЕТОР,
ДОЈРАН 5К
МАВРОВО, ОХРИД 5К ОХРИД 10К МАВРОВО ПМ
1 место 25 10 35 45
2 место 20 9 30 40
3 место 17 8 27 37
4 место 14 7 24 34
5 место 12 6 22 32
6 место 11 5 21 31
7 место 10 5 20 30
8 место 9 5 19 29
9 место 8 5 18 28
10 место 7 5 17 27
11-20 место 5 4 15 25
21-30 место 4 3 14 24
31-40 место 3 2 13 23
41-50 место 2 1 12 22
од 51 до последно место 1 1 11 21

Оние кои ќе започнат, но нема да завршат трка, не освојуваат поени.

Награден фонд
На секоја од трките, најдобрите тројца во машка и женска конкуренција, освојуваат медали и парична награда од 3.000, 2.000 и 1.000 денари, за прво, второ и трето место (вкупен паричен награден фонд од 1.000 евра). На трките во Маврово и Охрид, парични награди освојуваат победниците на полумаратонот и трката на 10 км, додека оние на 5 км освојуваат бодови без парични награди.

Најдобрите тројца во машка и женска конкуренција на целата серија трки, освојуваат пехари и награди.

Најдобриот тим во машка и најдобриот тим во женска конкуренција на целата серија трки, освојуваат пехари.

Секој учесник кој ќе ги истрча сите пет трки од серијата, освојува финишер медал.

Пријавување
Пакет цена за учество на сите пет трки изнесува 1.500 денари. Секој регистриран натпреварувач добива:
– маичка Beach Run 2019
– стартен број (важи за сите трки од серијата)
– освежување за време на трките
– ужина по трката
– финишер медал за успешно истрчан полумаратон во Маврово
– финишер медал за истрчани пет трки од серијата

Цената за учество на една трка изнесува 600, односно 700 денари за полумаратонот во Маврово. Секој регистриран натпреварувач добива:
– маичка Beach Run 2019
– стартен број
– освежување за време на трката
– ужина по трката
– финишер медал за успешно истрчан полумаратон во Маврово

Цената за учество на една трка без маичка изнесува 300, односно 500 денари за полумаратонот во Маврово. Секој регистриран натпреварувач добива:
– стартен број
– освежување за време на трката
– ужина по трката
– финишер медал за успешно истрчан полумаратон во Маврово

Програма на настаните
– Регистрација и евиденција на учесниците, најмалку еден час пред трката
– Трка на 5км/10км/Полумаратон
– Прогласување победници и забава
– Музичка програма и модератор за целото времетраење на настанот
– Последниот настан во Охрид има дополнителна програма за прогласување на победниците на целата серија со забава

Друго
– Патните трошоци се на товар на учесниците. Доколку постои интерес за заеднички превоз, организаторот ќе обезбеди автобуски превоз од Скопје до локациите во Македонија по најниска можна цена.
– Замена на оштетен или изгубен стартен број чини 300 денари
– Термините на секоја од трките ќе бидат дополнително одредени во согласност со оддалеченоста на локацијата, а предвид ќе биде земен и возниот ред на јавниот превоз
– Организаторот го задржува правото да изврши измена во локациите и термините на одржување на трките заради новонастанати објективни фактори

Close
Sign in
Close
Cart (0)

No products in the basket. No products in the basket.