×

Cart

Subtotal:
Погледнете ја нашата BLACK FRIDAY понуда. Кликни за повеќе  
 

Како да изградите персонализирана рута во Garmin Connect

 
 

Без разлика дали сте тркач или велосипедист, уредите што ги нуди премиум брендот GARMIN можат да ве водат низ вашата персонализирана рута, овозможувајќи ви да се фокусирате на вложувањето на најоптималниот напор.

 

Garmin Connect, апликацијата што ја користат фитнес љубителите ширум светот со цел да ги следат и анализираат метриките на нивното тело, е преполна со функции кои ќе ви помогнат да ги прилагодите тренинзите според вашите потреби и цели. И, иако има илјадници претходно изградени модели од коишто може да избирате на самата апликација, кој не посакува сам да си ја изгради рутата и патот низ кој ќе се движи за време на тренингот? 

 

Без разлика дали сте организатор на трка кој треба да измери прецизно растојание или едноставно барате да составите нова рута по која ќе трчате или возите велосипед, овој влог пост е наменет директно за вас. 

 

Чекор 1: Користете го веб-интерфејсот ако можете.

Иако можете да изградите патека и во апликацијата Garmin Connect на вашиот телефон, компјутер заедно со монитор и глушец ќе го олесни креирањето на совршената патека - прецизирајќи до најтесниот агол и страната на патеката. 

 

Се прашувате како ќе ја добиете истата рута на вашиот телефон? Без грижи! Ако креирате рута преку веб-платформата, таа автоматски ќе се појави и во вашата апликација на телефонот. 

 

Чекор 2: Создадете нова рута.

Во интерфејсот на Garmin Connect (без разлика дали е веб-верзија или мобилна апликација), кликнете на „Training & Planning“ и потоа „Courses“, каде што ќе има опција за „Create Course“. Одберете каков тип сакате од наведените опции кои вклучуваат различни видови на трчање, планинарење и возење велосипед.

 

Чекор 3: Изберете помеѓу персонализирана или автоматска рута.

Ова ќе биде методот на цртање за следниот чекор - дали сакате рачно да ја изработите вашата совршена рута или да можете да ја изберете вашата локација, претпочитаното растојание и вашата општа насока и Garmin Connect сам да ви овозможи рута за трчање или возење велосипед врз основа на дадените насоки? 

 

Чекор 4: Изберете да следите популарни рути, патишта или слободно да го нацртате вашиот пат.

Тоа е прилично едноставно - можете да изберете да следите популарни рути од други корисници на Garmin (што може да ви помогне да избегнете работи како тесни патишта што вклучуваат непосредна близина до автомобили), можете да ги следите патиштата на мапата или слободно да ја нацртате вашата рута точно како што сакате вие. Ако имате нешто конкретно на ум, ви препорачуваме цртање со слободна рака. Со едноставно кликнување на мапата за да креирате знакови на вашата патека, можете да изберете точно каде сакате да трчате или да возите велосипед. 

 

Ако креирате велосипедска рута може да го изберете и конкретниот велосипед што го користите - ќе можете да видите и категоризирани искачувања, кои ќе ве известат колку патеката е стрмна и слично. Ова ви овозможува или да ги избегнете големите ридови или пак да ве подготви за нив.

 

Чекор 5: Зачувајте ја вашата рута.

 

Именувајте ја рутата како што сакате вие, а потоа да одлучите дали сакате да биде проватна или јавна. (Ако планирате да ја споделите со пријателите, погрижете се да ја поставите на јавна.) Откако ќе се зачува рутата, изберете го копчето „Send to device“ на дното од екранот и наведете на кој уред сакате да се прикаже. Следниот пат кога вашиот уред ќе се синхронизира со апликацијата Garmin Connect, рутата автоматски ќе се преземе.

 

 

Чекор 6: Споделете ја рутата со пријателите.

Ако не сте расположени за самостојна авантура, потребно е само брза порака до вашиот пријател да ја сподели рутата во Garmin Connect. 

 

Ако возите велосипед со велосипедски компјутер компатибилен со GroupRide, можете едноставно да го споделите кодот на возењето со вашите пријатели и тие ќе можат да го внесат директно во нивниот компатибилен уред за да се приклучат на групата и да ја видат навигацијата на патеката. Кога корисниците ќе го започнат своето возење, можат да овозможат споделување локација, така што секој во возењето може да види каде се нивните придружници.

 

Подготвени да изберете своја авантура? Погледнете ги нашите производи за трчање и велосипедизам или отворете ја бесплатната апликација Garmin Connect за да започнете да ги реализирате вашите цели.

 

 

Тука сме за секоја поддршка при изборот на модел.

 

Мила Павловска

GARMIN Showroom Manager

mila@garmin.mk

+389 75 306 200