×

Cart

Subtotal:
Погледнете ја нашата BLACK FRIDAY понуда. Кликни за повеќе  
 

5 начини како да останете безбедни додека возите велосипед

 
 

Пролетта и летото се периоди од годината кога деновите се топли и долги. Тоа ги инспирира фитнес ентузијастите да излезат надвор и да се насочат кон тренинзи на отворено, а теретаните и другите активности во затворен простор остануваат за поладните денови. Ова е период кога го подготвувате велосипедот и се потсетувате на вашите омилени велосипедски патеки во вашата област. Но, како и со сѐ друго, така и со возењето велосипед, заштитата и безбедноста секогаш мора да се на прво место, па со таа цел издвојуваме 5 совети за безбедност при возење велосипед.

 

1. Погрижете се да можете да гледате други луѓе во вашата околина.

Varia™ RCT715 е радарот кој ви овозможува голема прегледност при возење велосипед. Тој не само што го приспособува интензитетот на вашето задно светло кога ви се приближуваат автомобили, туку испраќа и визуелни и звучни известувања до вашиот велосипедски компјутер Edge®. Иако очекуваме дека повеќето возачи на авотмобили се трпеливи со велосипедистите, тоа не е секогаш случај. Затоа, овие известувања ви даваат можност да ја процените положбата и брзината на автомобилот за да одредите дали треба да се повлечете на страна и да им дадете малку повеќе простор да поминат. Можете дури и да го прилагодите интензитетот на светлината и однесувањето на блицот за да одговараат на околностите на вашето возење. Varia RCT715 има и вградена камера која континуирано ќе ја снима околината зад вас и, во случај на инцидент, автоматски ќе зачувува видео снимки од пред, за време и по инцидентот.

 

2. Погрижете се другите луѓе да можат да ве видат вас.

Преферирате да излезете од дома со велосипедот откога ќе зајде сонцето и малку ќе се намалат температурите? Имајте предвид дека навечер видливоста е помала. Иако секогаш е добра идеја да носите рефлектирачка облека кога возите, благодарение на најновите достигнувања во технологијата, GARMIN ви овозможува да ја подигнете вашата видливост на сосема ново ниво. Задните радарски светла на GARMIN Varia RCT715, Varia™ RTL515 и Varia eRTL615 може да се видат и на повеќе од 1.5 км. Несреќите се случуваат кога другите возачи прекасно стануваат свесни за околината, па колку повеќе време имаат другите да ве видат дека се приближувате, толку е поголема веројатноста дека вашето возење ќе биде пријатно и безбедно искуство.

 

3. Знајте точно каде се движите.

Возите на непозната велосипедска патека? Нема проблем. Најновите GARMIN Edge GPS велосипедски компјутери се опремени со GNSS, кој обезбедува супериорна точност на позиционирање и ви помага да го знаете патот што ви претстои.

 

4. Останете поврзани во случај на итност.

Велосипедските компјутери GARMIN Edge нудат функција за откривање инциденти што испраќа порака до вашите назначени контакти со вашата локација во живо ако уредот препознае незгода. Во ваков случај, ќе добиете порака на вашиот Edge и на поврзаниот телефон со која ќе знаете дека пораката до вашите контакти ќе биде испратена во рок од 30 секунди, што ќе ви даде доволно време да ја откажете автоматизираната порака за итни случаи доколку не ви треба помош.

 

5. Следете ги правилата на патот.

Сообраќајните закони се воведени за да се заштитат луѓето на патот, а тие се однесуваат и на велосипедистите. Од клучно значење е да се почитуваат сите сообраќајни знаци и сигнали. Користете велосипедски патеки кога е достапно и внимавајте на околината.

 

Знаејќи ги овие пет едноставни чекори, вие сте на добар пат да станете побезбеден и поодговорен велосипедист. Подготвени сте да тргнете на пат со вашиот велосипед? Погрижете се да се опремите со супериорните GARMIN производи кои ќе му помогнат на секој велосипедист.