×

Cart

Subtotal:
Garmin им носи мир на мотоциклистите со новиот радар Zumo R1 - линк  
 

Кои се разликите помеѓу постарите Fenix серии и новата Fenix 8 серија?

 
 

Веќе имате часовник што е со врвен квалитет и премиум перформанси. На вашата рака имате Garmin часовник од серијата Fenix, но се чувствувате дека веќе е време за нешто ново? Нешто ново што ќе ви помогне да ги надминете своите граници?

 

Или пак можеби допрва размислувате за надградување на вашата колекција паметни часовници и почнувате да ја истражувате Fenix 8 серијата? 

 

За што и да станува збор, доколку размислувате да купите Fenix 8, дојдовте на вистинското место.

 

Веќе знаете дека Fenix е премиум мултиспортски GPS паметен часовник. Знаете дека станува збор за врвен авантуристички часовник, благодарение на долгиот век на батеријата и издржливиот дизајн. Знаете дека можете да му верувате за време на вашите активности за рекреација на отворено и затворено. Станува збор за навистина врвен спортски паметен GPS-часовник создаден со значајни перформанси и стилизиран за сечиј зглоб.

 

Во продолжение ќе ја споредиме серијата Fenix 8 со неговите претходници, главно задржувајќи се на Fenix 7 и Fenix 6 моделите.

 
 

Нови дисплеи

Серијата Fenix 8 нуди светол AMOLED дисплеј или дисплеј за соларно полнење со екран од меморија во пиксел (MIP). Ова значи дека можете да изберете помеѓу посветол екран или подолг век на батеријата.

 

Сериите Fenix 7 и 6 имаат и трансфлективен MIP екран кој е видлив на сончева светлина, но немаат AMOLED опција.

 

Премиум паметниот часовник Fenix 8 – 47 mm AMOLED нуди и поголем дисплеј од 1,4” во споредба со 1,3” на Fenix 7, како и поголема резолуција со 454 x 454 пиксели во споредба со 260 x 260 пиксели.

 

Подобрено соларно полнење

Траењето на батеријата ќе варира во зависност од верзијата и големината за која ќе се одлучите. Поголемите часовници нудат подолг век на траење на батеријата, а подобреното соларно полнење ја продолжува батеријата уште повеќе.

 

Fenix 8 – 51mm обезбедува 50% повеќе соларна енергија од неговиот претходник. Батерија што трае до 30 дена во режим на паметен часовник или до 48 дена со соларно полнење.

 

Батеријата на Fenix 7X Pro – 51 mm, Solar Edition трае до 28 дена во режим на паметен часовник или до 37 дена со соларно полнење.

 

Заклучок? Батеријата од серијата Fenix 8 може да издржи до 10 дена подолго!

 
 

Дополнителни функци што не можете да ги добиете на Fenix 7 и Fenix 6

 

Остварете и примете телефонски повици: благодарение на вградениот звучник и микрофон во сите модели на Fenix 8 серијата, сега ќе можете да го поврзете вашиот Fenix 8 со телефонот за да остварувате и да примате телефонски повици или да го користите гласовниот асистент на телефонот (како Siri) за да одговарате на пораки.

 

Гласовни команди без телефон: може да користите и гласовни команди — дури и кога немате интернет — за да ги контролирате функциите на часовникот.

 
 

Активности за нуркање: Fenix 8 поддржува активности за нуркање до 40 метри длабочина.

 

Копчиња отпорни на протекување: Создаден да издржи многу повеќе, Fenix 8 има индуктивни копчиња отпорни на протекување.


Заштитник на сензорот: Новиот метален штитник на сензорот помага во заштитата на основните сензори.

 
 

Да сумираме:

Fenix 8 е најновиот и најдобриот во нашата понуда на премиум мултиспортски GPS паметни часовници. Ќе добиете две опции за прикажување, подобрено траење на батеријата, нови паметни способности и издржливи надградби што ќе ви овозможат да остварите нови успеси. Доколку ви треба помош околу изборот на конкретен модел, прочитајте го овој блог пост.

 

Време е да бидете неограничени. Серијата Fenix 8 е подготвена за вас.

 

Мила Павловска

Digital Channel & Support Manager

mila@garmin.mk

+389 75 306 200