×

Cart

Subtotal:
Водич за избор на идеален GARMIN подарок. Кликни за повеќе  
 

Колку долго ќе ми трае батеријата на Garmin часовникот?

 
 

Краткиот одговор е: Подолго од повеќето други паметни часовници.

 

Ако имате паметен часовник што ќе треба да го полните секоја вечер, топла препорака, сменете го. Ако батеријата на вашиот паметен часовник трае само еден ден, па дури и два или три, вие пропуштате нешто многу важно. Односно, ја губите можноста тој да ги следи физиолошките метрики на вашето тело за време на полнењето. Ова значи дека добивате не баш целосна слика за здравствениот и фитнес статус, а дополнително ги испуштате и известувањата додека тој не е на вашиот зглоб и се полни.

 

За ваша среќа, батериите на GARMIN часовниците траат долго, а под долго ние подразбираме минимум седум дена, а максимум…е тука навистина ќе се изненадите. Максимум може да добиете неограничено траење на батеријата со Instinct 2X Solar, благодарение на соларното полнење. За дел од метриките што ги мерат GARMIN часовниците е многу важно да се носат седум дена континуирано, без да се вади саатот за да во даде точна анализа. Па, со оглед на тоа што сите GARMIN часовници ќе ви го овозможат тоа,при изборот сѐ зависи од карактеристиките што ви се важни и од часовникот што најмногу одговара на вашиот животен стил. Ако траењето на батеријата е важно за вас (а се обложуваме дека е), подолу ги наведуваме нашите моделли и нивните соодветни можности за траење на батеријата.

 

*Instinct 2X Solar - неограничено

*Enduro 3 Solar - 90 дена

*Fenix 8 - 51mm, Solar, Sapphire - 48 дена

*Fenix 7x Solar - 37 дена

*Fenix 7x Solar Sapphire - 37 дена

*Epix 2 Pro - 51 mm, Sapphire - 31 ден

 
 

 

*Fenix 8 - 51 mm, AMOLED - 29 дена

*Fenix 8 - 47 mm, Solar, Sapphire - 28 дена

*Instinct 2 - 28 дена

*Forerunner 965 - 23 дена

 
 

 

*Fenix 7 - 18 дена

*Fenix E – 47 mm, AMOLED - 16 дена

*Fenix 8 - 47 mm, AMOLED - 16 дена

*Epix 2 Pro 47 mm, Sapphire - 16 дена

 
 

 

*Forerunner 265s - 15 дена

*Forerunner 55 - 14 дена

*Venu 3 - 14 дена

*Forerunner 265 - 13 дена

*Vivoactive 5 - 11 дена

*Forerunner 165 (Music) - 11 дена

 
 

 

*Fenix 8 - 43 mm, AMOLED - 10 дена

*Venu 3s - 10

*Lily 2 Active - 9 дена

 
 

*Важно е да знаете дека овие информации го прикажуваат само режимот на паметен часовник. Ако вашиот часовник има други способности како вграден GPS, функционалност за зачувување на батеријата и слично, горенаведените бројки може да изгледаат поинаку.


Погледнете ја целата колекција на GARMIN часовници тука.

 

 

Мила Павловска

GARMIN Showroom Manager

mila@garmin.mk

 

+389 75 306 200