×

Cart

Subtotal:
Garmin Coach - твојот бесплатен персонален тренер - линк  
 

Што сѐ мерат најдобрите Garmin паметни часовници за жени?

 
 

Кога станува збор за Garmin паметните часовници, има многу работи што треба да се земат предвид: изглед, вклопување во животен стил, карактеристики и материјали. Овие работи не се исти за сите. Кога станува збор за избор на Garmin паметен часовник од страна на женскиот пол, Garmin има направено чекор понапред за да им овозможи дополнителна сигурност и безбедност. Станува збор за часовници кои вклучуваат голем број здравствени статистики како и вградени безбедносни карактеристики, следење на стресот, женското здравје и различни активности од јога до трчање, па дури и голф. 

 

Здравствени статистики на Garmin наменети за жени

 

Кога ќе надвладее притисокот за успех на секое поле, може да доведе до повеќе извори на стрес. Што е полошо, стресот всушност влијае на жените поинаку отколку на мажите и може да резултира со депресија и анксиозност, зголемен пулс и притисок, зголемување на телесната тежина, проблеми со бременоста и проблеми со менструацијата. За среќа, женските паметни часовници Garmin ги следат вашите нивоа на стрес 24/7, така што ќе знаете кога и во колкава количина е присутен стресот и како да се справите со него.

 

Менструалниот циклус на жената може да биде показател за целокупното здравје. Без разлика дали менструацијата е редовна или нередовна, преминувате во менопауза или немате менструација, следењето на физичките и емоционалните симптоми што ги доживувате може да ви помогне да ја видите пошироката слика. Во текот на бременост, дознајте како се менува вашето тело и како вежбањето и исхраната можат да помогнат. 

 

Од зафатени работни денови, брзање да земат децата, па сѐ до интензивни тренинзи, жените се познати по тоа што често си препишуваат премногу обврски и преземаат многу улоги во текот на денот. Набљудувањето на Body Battery ви помага да внимавате на тоа колку енергија ви останало до крајот на денот и ви дава увид како да ги поврзете точките помеѓу стресот, одморот, спиењето и физичката активност. Body Battery се мери на скала од 0-100, а колку поголем бројот, толку е поголема вашата способност да се фокусирате и да се справите со предизвиците. Секако, имајте на ум дека е нормално батеријата да ви е при крај на денот. Тоа значи дека сте ја искористиле енергијата што сте ја имале, само не заборавајте квалитетно да се одморите и да си обезбедите добар сон.

 

Што и да ве држи будни ноќе, не сте сами. Дали знаевте дека жените имаат 40% поголема веројатност да имаат несоница од мажите? Згора на тоа, студиите покажуваат дека на жените всушност им треба повеќе сон. Сознанијата како спиете може да ви помогне да ги преземете вистинските чекори за да го подобрите вашиот сон и да се разбудите спремни за новите предизвици. Избраните женски паметни часовници Garmin нудат податоци поврзани со спиењето, вклучувајќи детектирање на фазите на спиење, дишењето, Pulse Ox2 (нивоата на кислород во крвта). Дополнително, секое утро, вашиот часовник ќе ви дава целосна слика за тоа како сте спиеле претходната ноќ достапна и на апликацијата Garmin Connect. 

 

Ние ја советуваме секоја жена да издвои барем еден час за себе во текот на секој ден. Garmin ќе ви помогне како да се дадете приоритет на самите себе. Нашите паметни часовници нудат повеќе од 20 вградени спортски апликации заедно со повеќе од 75 бесплатни тренинзи што можете да ги правите во теретана или дома, вклучувајќи јога, тежински тренинзи, маратони и слично. Ќе добивате адаптивни планови за тренинг со Garmin Coach. Така што, што и да сакате да правите, не заборавајте да одвоите време за вашето здравје.

 

 
 

Garmin функционалности што го олеснуваат животот на модерната жена

 

Добивајте нотификации на вашиот Garmin часовник секогаш кога е поврзан iPhone или Android паметен телефон. Сами одредете кои нотификации сакате да ги добивате, а доколку не сакате дистракции, лесно може да ги оневозможите овие нотификации преку Garmin Connect апликацијата.

 

Голем дел од Garmin часовниците имаат можност за складирање на музика. Движете се слободно без дополнителен товар од вашиот телефон, слушајќи ги вашите омилени песни директно од часовникот или преку Bluetooth слушалки. 

 

Една од најдобрите карактеристики на Garmin Pay е неговата широка компатибилност со главните даватели на картички. Денес, речиси секаде можете да вршите бесконтактни плаќања со картица. Милиони продавници нудат бесконтактни плаќања, а листата на компатибилни банки и кредитни картички е голема и секојдневно се надополнува. Во Македонија, Garmin Pay, може да го користат сите корисници на дебитна или кредитна картичка на НЛБ, Стопанска, Халк и Комерцијална Банка.



Искористете го мартовскиот попуст и купете го вашиот нов Garmin Venu 3/3s или Vivoactive 5 по намалена цена до 21.03.2025.

 

Мила Павловска

Digital Channel & Support Manager

mila@garmin.mk

+389 75 306 200