×

Cart

Subtotal:
Погледнете ја нашата BLACK FRIDAY понуда. Кликни за повеќе  
 

Како да вежбаш со GARMIN

 
 

Ве мачи прашањето „Што ли ќе вежбам нареден пат?“ Преоптоварени сте со помислата да го дознаете вашиот следен тренинг? Дозволете GARMIN да ја заврши работата за вас! Како? Со опциите за вежбање достапни директно на вашиот компатибилен паметен часовник.

 

Дури и на најпосветениот спортист може да му се случи да има блокада кога ќе се обиде да го избере својот следен тренинг. И, да бидеме искрени - сите ние имаме прескокнато еден тренинг само поради фактот дека во моментот не сме биле сигурни што да правиме. Но, ако имате паметен часовник GARMIN на вашиот зглоб, ќе немате изговори на оваа тема! Еден часовник - многу опции за вежбање. 

 

GARMIN часовник 🤝 GARMIN Connect апликација

Кога ќе го одберете посакуваниот GARMIN часовник, ќе ви биде побарано да ја преземете апликацијата GARMIN Connect. Еднаш чим ги осетите придобивките од оваа апликација, ве уверуваме дека ќе ви стане најкористена на вашиот телефон. Од детален пристап каде што можете да ги видите сите метрики на вашето тело, вклучително и пулсот, следењето на енергијата (Body Battery), нивото на стрес, направени чекори, потрошени калории, па се до оценка за спиење која ви покажува колку добро сте спиеле претходната ноќ (се разбира, под претпоставка дека сте го носеле часовникот кога сте спиеле). Но, ова не е сѐ. GARMIN Connet може да ја користите и за многу повеќе, а тука спаѓа и широкиот спектар на претходно вградени тренинзи.

 

Едноставно допрете ја иконата „Повеќе“ во долниот десен агол на почетниот екран во апликацијата GARMIN Connect и потоа изберете „Тренинг и планирање“ од менито што се појавува. Овде ќе имате опција да кликнете на „Workouts“, што ќе ве однесе на екранот што ве поттикнува да изберете дали сакате да најдете тренинг или да креирате тренинг. Ако не се чувствувате особено креативни, изберете Find workouts“ и „скролајте“ низ вашите многубројни избори. Тука можете да ги филтрирате селекциите по тип на активност, тежина, мускулни групи, цели и времетраење за да изберете сет на вежби што најдобро одговара на вашето моментално расположение.

 

Да речеме, на пример, дека штотуку го завршивте ручекот во канцеларија и се „борите“ да останете будни за вашите попладневни состаноци. Ако имате 40 минути слободно, може да размислите за зголемување на енергијата во средината на денот - 40-минутен тренинг што дефинитивно ќе ви даде доволна енергија за успешно да го завршите работниот ден. Откога ќе го изберете тренингот, имате опција да ги видите сите поединечни вежби што го сочинуваат, почнувајќи со добро загревање и завршувајќи со неопходно истегнување.

 

Што е уште подобро? Тренингот може да го зачувате во омилени и секогаш да ви биде лесно и брзо достапен. Откога ќе го средите тренингот и часовникот ќе се синхронизира со апликацијата, спремни сте за вежбање. Тренингот ќе се покаже директно на часовникот. Анимацијата на екранот на вашиот паметен часовник дури ќе демонстрира како се прави вежбата - па не грижете се ако не сте сигурни која е вежбата што треба да ја правите.

 
Image
Image
Image
Image

Креирање сопствен тренинг на апликацијата GARMIN Connect

Се сеќавате кога се соочивте со опцијата или да најдете тренинг или да креирате тренинг? Горенаведениот дел се фокусираше на претходно направените тренинзи кои веќе ќе ви се достапни на апликацијата, но ако сте повеќе заинтересирани да направите свој персонализиран тренинг, имаме решение и за тоа. Под опцијата „Креирај тренинг“, ќе имате избор од различни видови активности за да започнете. Можете да направите тренинг за пливање во базен, HIIT тренинг, возење велосипед и многу повеќе.

 

Ако сакате да создадете тренинг за сила, на пример, изберете „Пилатес“ и потоа изберете од повеќе од 1.600 вежби за да го креирате вашето загревање, вежбање и тегнење. Можете да додавате белешки и да го зачувате и да го преземете тренингот исто како што би го правеле доколку е претходно направена опција.

 

Погледнете ја целата понуда на GARMIN часовници и одберете го вашиот денес!