Како што веќе сите знаеме, средината на Март дојде веста за светска пандемија од Covid-19 или популарно Корона вирусот. Властите превземаа мерки на ограничување на собири, движење, се затворија поголемите продажни центри, спортски настани се откажаа. Според податоците за следење на активностите од милиони регистрирани корисници на Garmin Connect, овaa вонредна состојба од средината на Март беше пресвртна точка, од која се бележи голема промена во редовната човекова активност.
Податоците на Garmin упатуваат на масовен пад на вкупниот број чекори (мерени од Garmin уредите на корисниците) во текот на вторите две недели од Март. Еве графички приказ за опаѓањето на движењето – просечно чекори на ден.
Напредната метрика кај милиони уреди за носење на Garmin ни даваат подлабоко разбирање за тоа како луѓето се справуваат со влијанието на пандемијата врз нивниот активен животен стил. Забележана е целосна промена во видовите активности што луѓето ги прават, споредено со типично вежбање и активности во овој период од годината.
Еве на пример споредба со Ski/Snowboard во истиот период од 2019 споредено со годинава. Намалено е за 96%.
Ако кај Ski/Snowboard има огромен пад, кај виртуелно возење велосипед со тренажери и апикација има зголемување за 64% во однос на истиот период во 2019. Исто така видливо е 20% намалување на активност возење велосипед.
Еве и споредба на активност – трчање на лента за истиот период 2019 и 2020
Евидентно се зголемени активности од вежбање дома, како Јога, VirtualRun, Cardio …