Garmin (NYSE: GRMN) ги претстави fēnix® 9 и fēnix 9 Pro, мултиспортски GPS паметни часовници создадени да им помогнат на спортистите и авантуристите да го достигнат својот врв. Сега со куќиште од титаниум, fēnix 9 Pro спојува софистициран изглед, робусна изработка и неверојатна леснотија при носење. Двата модели носат значајни надградби, вклучувајќи ја функцијата Garmin Epic — нов начин за спојување повеќе активности во една приказна на Garmin Connect™ подготвена за споделување — како и напредни параметри за издржливост (stamina) кои им помагаат на спортистите попаметно да го прилагодат својот тренинг. Моделите fēnix 9 Pro вклучуваат вградена сателитска¹ и LTE поврзаност¹, овозможувајќи гласовна, текстуална и СОС-комуникација директно од вашиот зглоб.
„fēnix 9 и fēnix 9 Pro се наменски создадени за сите оние кои сакаат да постигнат подобри резултати и да отидат чекор подалеку. Спортистите можат подобро да го разберат напредокот во издржливоста и да тренираат попаметно благодарение на напредните параметри за енергија (stamina), додека врвните навигациски алатки им помагаат на авантуристите самоуверено да останат на вистинскиот пат. А со новата функција Garmin Epic, активностите се претвораат во приказни кои корисниците можат повторно да ги доживеат. Со овие паметни часовници fēnix на својот зглоб, нашите корисници можат одново да ги дефинираат сопствените граници на возможното.“
— Сјузан Лајман (Susan Lyman), потпретседател за продажба и маркетинг за широка потрошувачка во Garmin
Создаден за надминување на границите, fēnix 9 е опремен со нови и усовршени алатки кои ги подигнуваат тренингот и истражувањето на повисоко ниво.
Двојно посветол AMOLED екран: Се одликува со AMOLED екран со двојно поголема осветленост од својот претходник, сафирно стакло отпорно на гребење, водонепропустливи копчиња и сертификат за нуркање до длабочина од 40 метри.
Garmin Epic: Без разлика дали станува збор за планинарска експедиција, повеќеетапна велосипедска трка или план за тренинг за сила, бесплатната функција Garmin Epic ги претвора повеќето активности во една поврзана приказна во Garmin Connect. Со групирање активности снимени во текот на неколку дена, недели или месеци во еден „Epic“, корисниците можат да ги прегледаат податоците за своето здравје и перформанси за тој период, да додадат фотографии и да го споделат сето тоа со пријателите и семејството.
Напредни функции за следење на издржливоста (Stamina): Новите зони на енергија и крива на издржливост (stamina zones & stamina curve) им покажуваат на спортистите како се менува нивната издржливост со текот на времето врз основа на напредокот во кондицијата и историјата на тренинзи, овозможувајќи им подобро темпирање на силите за време на активноста.
Повеќе фитнес параметри за веслање во затворен простор: Добијте детални увиди како VO2 Max и крива на моќност (power curve) за проценка на напредокот, поставување цели и прецизно дотерување на интензитетот на тренингот².
Проширени функции за „Rucking“ (одење со тежина): Овозможува менување на тежината на ранецот во текот на самата активност, следење тренинзи на GORUCK™ директно од часовникот и поставување целни параметри (како потрошени калории) со товар до 100 kg.
Побрза и попрецизна навигација: Движете се самоуверено со вградени мапи со рутирање кои се пофлуидни и поинтуитивни од кога било досега. Со 50% повеќе RAM меморија во споредба со fēnix 8 и помоќен софтвер за мапирање, поместувањето на мапата е до 30% побрзо. Новиот перспективен приказ (perspective view) дава појасна слика за теренот пред вас со прикажување детали и од непосредна близина и од поголема оддалеченост.
64 GB вградена меморија: Преземете двојно повеќе мапи во споредба со fēnix 8 и зачувајте до 7.000 омилени песни.
fēnix 9 е достапен во три димензии на куќиштето: 43 mm, 47 mm и 51 mm.
Надградувајќи ги сите премиум карактеристики на fēnix 9, fēnix 9 Pro носи и нов дизајн, опции за самостојна поврзаност без потреба од телефон, екрани со соларно полнење, дополнителни режими на LED светилката и многу повеќе.
Иновативен дизајн
fēnix 9 Pro е првиот fēnix паметен часовник со целосно титаниумско куќиште, обезбедувајќи впечатлив изглед без компромис во робусната издржливост. Со употреба на напредна технологија на нано-калапење (nano-molding) која ги спојува металот и пластиката на молекуларно ниво, дизајнот совршено ги комбинира цврстината и функционалноста, истовремено намалувајќи ја дебелината на часовникот за минимална тежина.
AMOLED екраните на fēnix 9 Pro нудат осветленост до 3.000 нити (nits), овозможувајќи кристално јасен приказ на статистиките и мапите дури и при директна сончева светлина.
Моделот од 51 mm го содржи првиот 1,5-инчен AMOLED екран од Garmin, со што површината на екранот се зголемува за 15% во споредба со fēnix 8, без зголемување на димензиите на самото куќиште.
Соларниот екран кај избраните Pro модели нуди недели траење на батеријата, за повеќе време поминато во омилените активности.
Вградената LED светилка добива нов режим со зелено светло, наменет за зачувување на ноќниот вид при движење во темнина.
Останете поврзани
inReach® поврзаноста¹ кај одредени fēnix 9 Pro часовници овозможува контакт со најблиските и итна помош преку деноноќниот координативен центар Garmin Response℠ — целосно без потреба од телефон. Покрај повици, пораки и СОС-поддршка, активната inReach претплата носи и:
LiveTrack известувања преку LTE: Се испраќаат преку апликацијата Garmin Messenger™, известувајќи ги најблиските штом започнете активност и овозможувајќи им следење во реално време додека тренирате. Достапно е и брзо испраќање пораки до однапред избрани контакти.
Garmin Locate: Овозможува пријателите и семејството да ја видат вашата точна локација преку Garmin Messenger со помош на LTE врска.
Локална временска прогноза: Примајте детални временски прогнози за вашата точна локација испратени директно до часовникот преку сателит, како и преку LTE.
За првпат, inReach поврзаноста е достапна кај сите димензии на fēnix 9 Pro — 43 mm, 47 mm и 51 mm.
Персонализиран стил
Новите текстилни ремчиња ComfortFit за fēnix 9 и fēnix 9 Pro овозможуваат прилагодување на изгледот според личниот вкус. Специјалната ткаена изработка комбинира еластичност, издржливост, мекост и отпорност на влага, надополнета со практичниот QuickFit® систем за брза и едноставна замена.
fēnix 9 има почетна цена од 999,99 $ и нуди до 29 дена батерија во режим на паметен часовник кај најголемата верзија.
fēnix 9 Pro има почетна цена од 1.099,99 $ и нуди до 31 ден батерија во режим на паметен часовник кај верзијата со најголем AMOLED екран, додека моделите со соларно полнење обезбедуваат до 57 дена автономија на батеријата³.
За повеќе информации околу достапните бои, деноноќните функции за следење на здравјето и формата и сите детали, посетете ја garmin.com.
Создадени однатре за живот на отворено, производите на Garmin го револуционизираа животот на авантуристите, спортистите и ентузијастите насекаде во светот. Посветени на создавање производи кои ги збогатуваат искуствата и нудат спокој, Garmin верува дека секој ден носи нова можност за иновација и шанса да се надмине вчерашниот успех (#BeatYesterday).
Избери кај продажните партнери NEPTUN, ANHOCH, SETEC. Тука сме за совет при изборот - +38978306200 [viber/whatsapp] | info@garmin.mk