?‍♀️ Fitness Challenge организира Fit2Run – Виртуелна трка на 10км и полумаратон! ?‍♂️

Може да се пријавите на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScJdzi6m5tYRoByTdOr3SR_CZJdJTL7F6Lq3pshcGleR4r4CA/viewform

Вашиот GARMIN часовник со избор на функцијата Run ќе го сними Вашиот комплетен резултат и ќе го пренесе online на Garmin Connect. Можете и да ја користите опцијата LiveTrack за да дозволите пристап во реално време да го следат Вашиот резултат.

Прочитајте повеќе за трката:

?‍♂️ Голем дел од вас веќе неколку месеци континуирано и напорно тренираат за да ја достигнaт својата врвна спортска форма во овој период од годината кога се одржуваа сите маратонски настани насекаде во светот.
?‍♀️ Затоа Fit2Run поддржано од FitnessChallenge организира ВИРТУЕЛНА ТРКА на 10км и полумаратон за да излезе во пресрет на сите оние кои тренираа и сеуште напорно тренираат за постигнување на врвни резултати. Знаеме дека виртуелната трка не може да биде иста како официјалните улични трки и маратони, но сепак може да ни користи за одржување на мотивацијата за трчање и тренирање, како и да се остане во кондиција и во контакт со трчањето и маратонската заедница.
?‍♂️ Знаеме дека поголемиот дел од тркачите кои активно тренираат за маратони, освен за резултат тренираат за да останат физички и ментално здрави. Затоа сакаме да имате во предвид дека со секој ваш излез на трчање ризикувате да се заразите и вие и вашите најблиски. Доколку сте одлучиле да трчате потребно е максимално да внимавате на дадените препораки и максимално да ги намалите можностите за зараза и покрај тоа што се знае дека одењето во маркет е далеку поризично од трчањето.

?‍♀️Што е Fit2Run (Fitness Challenge)? ?️‍♀️

?‍♂️ Fit2Run е кондициона програма која извесно време функционира во состав на фитнес клубот Fitness Challenge со цел кондициона подготовка на спортисти и специфична подготовка на маратонци. Програмата е водена од дипломиран атлетски тренер м-р Сашо Даневски кој своевремено беше атлетски државен репрезентативец. Целокупниот тренажен процес е строго контролиран и програмиран за секоја индивидуа посебно, користејќи ги најновите научни методи и сознанија.

?‍♀️Како се трча виртуелна трка??‍♂️
Виртуелна трка може да се трча во било кој град од државата и во било кое време (согласно препораките на министертсво за здраство) во периодот од 11ти до 31ви мај 2020 година.

?‍♂️Кои трки ќе ги има во виртелната трка?
Во виртуелната трка ќе има две официјални трки по ИААФ стандарди:
1. Полумаратон (21,1км) и
2. Трка на 10км.
Во секоја диплома ќе бидат впишани вашите генералии и резултатот (elapsed time), доколку се увиди дека се правени паузи за време на трчањето ќе бидат вметнати во крајниот резултат, односно ќе се запише вкупното време (total time).

?‍♀️Каде може да ја трчам виртуелната трка?
Виртуелната трка може да ја трчате на атлетска патека, шумска патека, во вашиот двор односно секаде каде што може да добиете GPS сигнал за прецизно мерење на вашата трка. Вашата виртуелна трка мора да биде изработена преку апликацијата GARMIN Connect или слични. Ние мора да имаме пристап до вашиот резултат, преку кој ќе имаме увид кога и каде сте трчале.

?‍♂️Зошто да трчам виртуелна трка?
Трката има национален карактер, така што кога ќе ја истрчате вашата виртуелна трка вие ќе станете дел од тркачката и маратонска заедница надвор од вашето место и град на живеење. Во оваа ситуација кога сите маратонски настани се откажани вие и понатаму ќе имате прилика да се натпреварувате и да имате дополнителен мотив за трчање. Резултатите ќе бидат јавно објавени на нашата фан страна https://www.facebook.com/FitnessChallengeMK/. Нашата мисија и цел се да ги мотивираме сите граѓани на Македонија активно да се вклучат во трчање без разлика на полот и возраста.

?‍♀️Што добиваат учесниците??‍♂️
Секој учесник ќе добие соодветен финишер медал кој ќе биде доставен по пошта на домашна адреса, online диплома со впишани генералии и резултат, стартен број кој ќе може да се испринта и да се носе за време на виртуелната трка. Доколку ни испратите слики од вашата трка истите ќе ги поставиме на нашата фан страна.

Може да се пријавите на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScJdzi6m5tYRoByTdOr3SR_CZJdJTL7F6Lq3pshcGleR4r4CA/viewform

Неколку совети за трчање во време на COVID-19:
– да се придржувате на сите препораки од министерството за здраство,
– кога ќе трчате тоа да го правите исклучиво сами држејќи сигурна оддалеченост од другите кои трчаат околу вас,
– трчајте на места кај што нема воопшто или има многу малку луѓе,
– вода носете секогаш со вас, немој да пиете вода од фонтани,
– кога ќе завршите со трчање одете директно дома.

Close
Sign in
Close
Cart (0)

No products in the basket. No products in the basket.