Брзо, едноставно и лесно плаќање со вашиот часовник Garmin!

GarminPay е создаден за луѓе што секогаш се во движење.
Живеете динамично, постојано сте во движење, спортувате и обожавате да шетате во парк – тогаш Garmin Pay е вашето модерно решение за бесконтактно плаќање.

Garmin Pay е нова опција  и современо решение за бесконтактно плаќање.

Без разлика дали сакате да платите за вашата вода по утринско џогирање, кафе со вашите пријатели или шопинг за целото семејство, повеќе не ви треба паричник, бидејќи со Garmin Pay плаќате брзо, лесно, без допир само со приближување на вашиот паметен часовник Garmin до уредот за плаќање.

Преку апликацијата Garmin Connect може да ги дигитализирате вашите картички Mastercard издадени од Халкбанк АД Скопjе и да го активирате Garmin Pay.

Со успешно дигитализирање на картичките, ви овозможува да направите брзо и едноставно плаќање користејќи го единствено вашиот часовник Garmin.

Корисникот на платежната картичка ја презема мобилната апликација Garmin Connect од „GooglePlay Store“ на мобилен уред со оперативен систем „Андроид“ или од ‘’App Store’’ за мобилен уред со оперативен систем iOS.

Сите нови модели Garmin Venu Sq, Vivoactive 4 и 4s, Venu, Venu 2 и 2s, Forerunner 55, 745, 945 и Fenix 6 серија работат со Garmin Pay.

 

Close
Sign in
Close
Cart (0)

No products in the basket. No products in the basket.