МАРТ

Месецот на Жената и пролетта

Повеќе >>

Како и секогаш, Игор МЦ Јакимовски, во свој стил, најави и исполни …

По 14_ти пат во кариерата успешно го финиширав маратонкиот пекол од Свети Наум до центарот на Охрид (11 пати на Охридскиот маратон, еднаш личен настан и 2 пати тренинг).

На моите 45 години можеби денес најлесно го завршив овој маратон со финиш време од 02.03.49.

GARMIN forerunner часовник

Екипата неможеше да биде помоќна на стартот и доделената улога на пејсер ме натера да држам побрз ритам од планираното и во рамките на нивните нормални тренинзи.

Цела патека лаф муабети, смешки и инфо за секој километар.

Услови за трчање повеќе од идеално.

Сапортот долж цела патека совршено си ја одработи својата доделена задача.

Се како песна и равенка 1+1 на денешниот лонг ран.

На крајот се погледнавме сите тројца и муабетот беше “ние тоа вака лесно го прегазивме Св.Наум-Охрид ?!”

Тоа е нашата страст, пасија и вистинска љубов за овој спорт.

Тоа е нашата љубов и жртва кон својата татковина кога се решивме да го правиме овој пеколен тренинг токму во нашиот град бисер.

Тоа е тимот кој ја доби целата почит од македонската јавност.

Затоа ќе гинеме и понатаму за Вас и нашата Македонија.

Спортски поздрав од екипата 🤗🤗🤗

—–‐‐—–‐—————————————————-

Игор Јакимовски и екипата тренираат и своите тренинзи ги анализираат со GARMIN forerunner smart часовници со напредни функции за мерење и анализа на параметрите во трчање и тренинг.

Close
Sign in
Close
Cart (0)

No products in the basket. No products in the basket.