Новите Venu 3

Достапни за преднарачка

Повеќе >>
Во денешниот свет и брзиот начин на живеење полн со секојдневни обврски и активности е многу важно да внимавате на вашето здравје и што внесувате во вашето тело. Секако, со здрави навики и баланс лесно може да се постигне вашата цел. Една од алатките која ќе ви помогне за тоа е Garmin smart часовникот. Во овој блог би сакале да ве запознаеме со тоа колку е важно броењето на калории и како Garmin ќе ви помогне да ги достигнете вашите цели, а воедно да бидете среќни и исполнети.

Броење калории: Клуч на балансирана исхрана  
Броењето на калории е ефективна стратегија за одржување на вашата тежина и балансирана исхрана. Со следење на бројот на калории кои ги внесувате, достигнувате и баланс на енергија во вашето тело па секако дека ќе се чувствувате многу поудобно. Оваа ваша “обврска” стекнува здрави навики и лесно ги распределува вашите физички активности во текот на денот.

Придобивки од броење калории
Свесност за избор на храна: Броењето на калории ја подигнува свеста за нутритивните вредности на храната која ја внесуваме. Ни помага да воочиме која храна ќе ја оддржи нашата форма или можеби треба да смениме нешто. Која храна ќе ни помогне да ја симнеме нашата вишок килажа, која ќе ни одмогне или со која ќе достигнеме поголема тежина но на здрав начин со високо богата исхрана. 
– Контрола на вашата порција: Со броење на калориите се постигнува контрола врз порцијата која е пред нас, помагајќи ни да направиме баланс помеѓу енергијата која ја внесуваме и колку трошиме. Во зависност од тоа, на наша свесност е да направиме добра одлука за големината на нашата порција, но и да не претераме да не дојде до прејадување. Слободно дозволете си денешниот оброк да ви биде пообилен доколку сте истрошиле доста калории или во план ви е да направите добар тренинг.
– Достигнување свои лични нутритивни цели: Броењето калории ни овозможува да ги достигнеме своите поставени цели кои се врз основа на нашите потреби. Дали вашата желба е да намалите тежина, да накачите на мускулна маса или едноставно да ја оддржувате вашата моментална состојба, броењето калории ќе ви помогне на вашиот пат и ќе ве оддржи во форма според вашите желби и барања.

GARMIN smart часовник: Вашиот најдобар пријател за следење на калории
Паметниот часовник Garmin не е само технолошки и моден додаток на вашата рака, туку и многу моќна алатка која ќе ви помогне за вашиот внес на дневни калории во вашето тело и нивното трошење. Ајде да истражиме некои битни карактеристики и како тие влијаат на се поздрав начин на животел стил.

Следење на вашата активност: Smart часовникот на Garmin ви овозможува следење на вашите дневни активности, достигнати чекори, дистанца која сте ја поминале, дури и искачени катови. Покрај ова, паметниот часовник содржи навистина многу спортови кои ќе ви дадат една слика за сите мерења на вашето тело. Овие податоци овозможуваат да воочиме колку калории трошиме во текот на денот и колку треба да изнесува нашиот дневен внес на енергија.
Следење на потрошени активни калории и калории при мирување: Smart часовниците Garmin ги мерат нашите потрошени калории при разни физички активности, но и при мирување, со самата секојдневна работа на нашето тело. Во делот на калории на часовникот, во секое време може да ги погледнеме податоците за нашите потрошени калории кои се сумираат и на крајот на денот ни даваат јасна слика на кој начин е потрошена нашата енергија. Истите податоци се достапни на нашиот мобилен телефон, со постојано синхронизирање од нашиот часовник.
Следење на вашиот пулс: Smart часовникот на Garmin содржи сензор за мерење на нашите срцеви отчукувања и константно ја следи срцевата работа за време на тренинг но и во текот на целиот ден дури и при спиење. Со комбинација на податоците од нашиот пулс и нашата активност, ќе добиеме попрецизни податоци за калориите кои ги трошиме.
Разни апликации за мерење на калории: Smart часовникот на Garmin е компатибилен со разни апликации за мерење на калории што ќе ни овозможи полесно да ги внесуваме податоците од нашиот внес на исхрана. Овие апликации поддржуваат широка база на податоци, помагајќи ни да ги пребаруваме и да ги внесуваме нашите оброци без никаков напор.
Персонализирани цели и потсетник: Smart часовникот на Garmin ни овозможува да ги поставиме нашите цели и барања и да добиваме известувања како потсетник за оддржување на нашето здравје. Независно дали е тоа дневен таргет на изодени чекори, оддржување на специфичен ранг на калории, целна дистанца, или следење на нашиот пулс, овие потсетки ќе не мотивираат и ќе ни го олеснат патот до победата.
Следење на сон: Адекватниот сон е од круцијална важност за нашето здравје и за нормално функционирање на нашето тело. Покрај тоа е многу важен фактор за оддржување на нашата форма и за достигнување на нашите зацртани цели за намалување или накачување на нашата тежина на здрав начин. Garmin часовникот ни дава една слика за квалитетот и должината на нашиот сон а тоа ќе ни помогне да ги подобриме нашите здравствени параметри во секој поглед.

Заклучок: Броењето калории е еден од најбитните фактори за одржување на добро здравје.
Броењето на калориите е од есенцијално значење за добро здравје и ги подобрува нашите животни навики. Ни овозможува полесно достигнување на нашите цели и баланс на високо квалитетен внес на исхрана. Со smart часовниците на Garmin и нивното мерење и следење на сите наши параметри, на брз и лесен начин ќе добиеме податоци за нашата исхрана и активна дневна рутина. Со спој на разните функции и апликации кои ги нуди часовникот, ќе останеме мотивирани, со уште поголема желба за пратење на нашиот прогрес и достигнати позитивни промени кои пак ќе допринесат да се чувствуваме свежи, среќни, полни со енергија и пред се здрави.

Не заборавајте дека достигнувањето на здрав начин на живот е едно големо патување, но со точните и овозможени алатки како паметниот Garmin часовник, нашиот успех е неизбежен!
Close
Sign in
Close
Cart (0)

No products in the basket. No products in the basket.