НАМАЛЕНИ ВО ЈУНИ

Лето, Active lifestyle

Повеќе >>

Александар Кираџиев – Јагодина Маратон, 2:44, доволно за второ место.
Иако пиедесталот ми беше во втор план, сепак ова е мој прв меѓународен пиедестал во маратонската кариера и тоа е голема награда за тоа што го правам.
‘Кошавата’ која вчера ја најавив, го зема данокот за било каков резултат.
Денешниве 42км беа демонстрација на рокање 3:35-3:45/км против природата и така некаде до 25км.
Награда од природата ми беше последниот километар, кога се отвори и истури целото небо на мене заедно со налети на ветар од преку 30км/ч.

Сега за сега со задоволство пласманот ќе го ставам во џеб, а за 5 недели, на нашиот празник – Скопски Маратон, ќе се обидам повторно да украдам висок резултат.

Александар Кираџиев и голем број атлетичари користи GARMIN часовници за тренинг, натпреварување и анализа на постигнатите резултати.