По “петките” во Скопје, Дојран и Претор, неизвесна и заплеткана табела која ќе се решава до крај, на полумаратонот во Маврово и на “десетката” во Охрид. Сведоци сме на до сега најмасовното и највозбудливото издание на #beachrun, во кое учествуваат некои од најдобрите македонски атлетичари, напредни рекреативци и многу вљубеници во трчањето. Рекордите за бројот на учесници се срушени и во Дојран и во Претор, а и за целата серија трки, по само трите одржани натпревари. Задоволството од одзивот е уште поголема обврска и одговорност да организираме беспрекорни трки во Маврово и Охрид. Пред нас е единствениот летен и планински полумаратон покрај Мавровското Езеро, Beach Run Mavrovo Half Marathon 2019, како главна трка и трката на 5 км за оние кои нема да се решат за полумаратонскиот предизвик. Очекуваме над сто учесници што претставува најава за одлично дружење и натпревар во недела. Бројката пријавени за трките во Охрид е уште поголема. Масовноста на #јатрчамеМакедонија докажува дека не има навистина многу кои го сакаме трчањето. Среќни сме што неколку години по ред се потврдува идејата за лето, плажа и трчање. Но, најмногу од се, горди сме на секој поединечен учесник за страста и упорноста да трча, патува и одвои време за трчање на плажа. Ви благодариме ГОРСКА вода, Garmin Македонија, Ford Macedonia, Antenna5 Radio Network Macedonia, Пакомак, Град Скопје за поддршката.
ВКУПНИТЕ резултати од досегашните трки на овој линк – https://prvdovrv.mk/results?total
GARMIN forerunner часовниците ги мерат сите потребни параметри од вашиот тренинг и за вашиот ден воопшто. Мерат пулс …
Професионални атлетичари, а и огромен број рекреативци користат GARMIN forerunner часовници за тренинг, натпревар и анализа на податоците. Вие само натпреварувајте се, forerunner мери се што треба да се знае и анализира!
Forerunner