Петар Георѓиевски, или како повеќе го знаеме Камиказа, со својата компанија за организација на настани КЛС го подготви “теренот” за Italian Moto Open day што ќе се одржи попладнево (08.07.2021) на средно водно од 18 до 23 часот.
А бидејки е “зависник” од здрав и спортски активен живот, генералната проба ја направи со велосипед 🙂 Перо е GARMIN пријател и корисник, уредите ги користи максимално.

Cycling
Велосипедот е Вашиот спорт или хоби? GARMIN има технологија да Ве мотивира и да ги мери вашите резултати ...…
Повелете на настанот.
Почитувани,
Задоволство ни е да Ве поканиме на Italian Open Moto Day, настан посветен на промоција на италијанската мото индустрија во организација на Амбасадата на Р.Италија и Dynamix, кој ќе се одржи на 8 јули, на паркингот на средно Водно, од 18.00 до 23.00 часот.
Од 18 до 20.00 љубителите на мотори и брзина ќе имаат можност за тест возење.
Во 20.00 часот настанот ќе го отворат Амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на уникатен и забавен начин ќе ги претстават најновите модели VESPA GTS 300 75th, Moto Guzzi V7 Stone Centenario и Ducati Monster+
Од 21.00 следат два часа дружење, забава со италијанска рок музика, италијанска храна и пијалоци!
Ве очекуваме!