×

Cart

Subtotal:
Водич за избор на идеален GARMIN подарок. Кликни за повеќе  

Испорака, правила и услови, политика на приватност

 

ПРАВИЛА ЗА КОРИСНИЦИТЕ
Сите цени во оваа Интернет Продавница се во Денари и се конечни на денот на нарачката и се со вклучен ДДВ.

Навигатор ИТС дооел, како овластен GARMIN продажен партнер го задржува правото да врши промена на цените доколку тоа е наложено од други фактори без претходна најава.

Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 1-3 дена, на домашна адреса или во локалната канцеларија на избраната брза пошта. Специфични производи кои не се локално на залиха, ги добиваме од GARMIN во рок од 5 до 10 работни дена. Доставата е бесплатна, освен ако не е поинаку назначено. Производот се плаќа на денот на нарачката, online со кредитна картичка или со банкарски трансфер.

По извршувањето на нарачката, ќе добиете и e-mail порака како потврда дека нарачката е примена, истата ќе ги содржи деталите од нарачката. Можно е да ве побараме по телефон да ја потврдите истата. Исто така доколку нарачувате прв пат, автоматски ќе ви биде генериран и профил, кој ќе може да го користите за сите идни нарачки.

По комплетирањето на нарачката (процесуирање), ќе добиете и e-mail порака за потврда, која ќе ги содржи деталите од нарачката.

Производот кој не ви одговара можете неоштетеннеупотребуван во неоштетено оригинално пакување и со приложените документи да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето.

Во случај да барате враќање на парите, тоа право ќе можете да го остварите само ако производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура (фискална сметка) во период од 7 дена од приемот на производот. Трошоците за поштарина се на ваша сметка. Парите ќе ви бидат пратени исклучиво на Вашата трансакциска сметка.

 

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСПОРАКА

 

Производите нарачани во оваа Интернет Продавница ќе ви бидат испорачани преку курирска/доставна служба.

Пресек на нарачките правиме секој работен ден во 15 часот и сите потврдени нарачки истиот ден ги предаваме на курирска служба, а обично во градските средини се доставуваат наредниот ден.
Ќе ви се јават од доставната служба на телефон да се договорите околу превземањето на пратката.

Што значи дека, нарачаните производи ќе ви бидат испорачани во период од 1-3 дена од денот на нарачувањето во зависност од Вашата локација. Ако производот е во моментот на залиха, ќе го добиете во период од 1-3 дена, по нарачувањето. Производите кои во моментот не се на залиха (достапни за одложена нарачка) се испорачуваат за 5 до 10 работни дена, а ако производот од некои причини неможе да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.

По правило (default) производите ги праќаме во оригинално неотворено фабричко пакување, освен ако не е претходно поинаку договорено со клиентот.

Производите може да ги платите при нарачка со кредитна картичка или со банкарски трансфер (вирмански).

Со секоја пратка ќе добиете фактура, со детална спецификација и цени на производите во нарачката.

Правило на компанијата е пред испорака сите нарачки да се потврдуваат телефонски, па задолжително е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во вашиот регион) за да се договорите околу превземањето на истата.

Со самото користење на сајтот (правење нарачка) од www.garmin.mk автоматски се сложувате со овие правила.

 

ПРИВАТНОСТ

Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со заштитата на личните податоци.

Вашите сесии на garmin.mk се заштитени со најсовремена TLS – SSL заштита.

ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пр. Вашето име, Вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. garmin.mk не собира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пр. кога нарачувате или се пријавувате.

УПОТРЕБА И ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

garmin.mk преку економскиот оператор Навигатор ИТС дооел Скопје ќе ги употреби вашите лични податоци исклучиво за испорака и наплата на вашата нарачка и за технички потреби за интернет страницата  за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со вас. garmin.mk нема да ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ќе ги користи исклучиво за технички потреби, испорака и наплата на нарачката.  garmin.mk во целост ја почитуваа доверливоста на вашите лични податоци.

COOKIES

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата интернет страна да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите интернет страната на garmin.mk. garmin.mk ги употребува Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата интернет продавница.

МАЛОЛЕТНИЦИ

garmin.mk им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на garmin.mk без дозвола од нивните родители или старатели. garmin.mk никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.

ПРАВО НА ИНФОРМАЦИИ

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив; Ве молиме контактирајте не.

Офицер за заштита на лични податоци
GDPR officer
Јасмина Иљовска Тушев
email: jasmina@garmin.mk
contact: 077 864 777

GARMIN authorized store
НАВИГАТОР ИТС дооел
Бул. Партизански одреди бр.107
1000 Скопје
info@garmin.mk
+389 78 306 200

СЛОБОДА НА ИЗБОРОТ

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на garmin.mk. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци, Ве молиме имајте во предвид дека може да не ви бидат достапни некои делови од интернет продавницата.

АВТОМАТСКИ СНИМЕНИ ПОДАТОЦИ (НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ)

Кога ќе се вклучите на интернет страната на garmin.mk, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страната) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата интернет продавница и за да ја подобриме содржината и функционалноста. Нашата страница користи и cookies од светски провајдери како Google и Facebook за кој важат нивните изјави за лични податоци.

БЕЗБЕДНОСТ

garmin.mk се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.

ВРСКИ СО ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ

Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на сите официјални интернет страници во сопственост на Гиззо Консалтинг дооел, и овластениот продажен партнер Навигатор ИТС дооел Скопје . Интернет страниците во наша сопственост може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од garmin.mk, на кои што оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува. Кога ќе ја напуштите интернет страната на garmin.mk, Ве молиме бидете свесни и прочитајте ги изјавите за лични податоци на секоја интернет страница во сопственост на трети страни.

ОБЈАВА ЗА ПРОМЕНИ

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страна и на други места за кои сметаме дека се соодветни.