МАРТ

Месецот на Жената и пролетта

Повеќе >>

Тимот на Скопски Маратон организира SKM Virtual Run од 05 до 15 Мај.

Корона пандемијата го одложи Скопски Маратон за 04 Октомври, но еве што понуди тимот кој го организира маратонот:

За да ви го направиме овој период барем приближно интересен и возбудлив како што тоа вообичаено е случај кога се одржува маратонот, решивме за вас, бесплатно да ја организираме оваа виртуелна трка, на која секој и од секој дел на планетата може да учествува и да се пријави.

Како да бидам дел од СКМ Виртуелна трка – Трка за забава? Како функционира?

Регистрација за учество:
Учеството во трката е бесплатно! Има два начина како да се регистрирате. Ако трчате со мобилната апликација Racemap на која е креирана нашата СКМ Виртуелна трка, мора да се регистрирате пред да трчате на самата апликација, или ако трчате со вашиот GPS часовник / уред, треба регистрацијата да ја направите после трчањето на овој линк http://skopskimaraton.com.mk/skmvirtuelrun_GPXupload

Доколку трката ја трчате и снимате со вашиот ГПС часовник Garmin, само треба да ја уплоадирате вашата рута на трчање во некој од следните формати GPX, KML или TCX. Еве што треба да направите:

  1. Трчајте со вашиот Garmin часовник користејки ја функцијата Run , најмалку 5км (можете и повеќе од 5км, на пр. 10, 20 или дури и маратон од 42км),  а сегментот од најбрзите 5км ќе ви биде регистрирано во резултатите. Трчањето треба да биде реализирано во периодот од 5 до 15 мај.
  2. Откога ќе го завршите трчањето со вашиот Garmin часовник, вашата активност автоматски се префрла/синхронизира на вашата апликација од Garmin Connect, па само пристапете и експортирајте ја на вашиот комјутер во некој од форматите GPX, KML или TCX.
  3. Одете на овој линк http://skopskimaraton.com.mk/skmvirtuelrun_GPXupload , пополнете ги полињата за вашиот стартен број (напишете го вашиот омилен), вашето име и презиме и уплоадирајте ја вашата рута на трчање во некој од форматите GPX, KML или TCX, и кликате на копчето UPLOAD. Со овој процес вашето време и трчање е регистрирано во листата на резултати на овој линк http://tagtiming.mk/skmvirtualrun/

Резултатите се од информативен карактер, оваа трка нема натпреварувачки карактер и важна е забавата со трчањето, исто како и во маратонот, сите сме победници!

Изберете GARMIN часовник со 5% попуст за online нарачки. Искористете код купон V5

Close
Sign in
Close
Cart (0)

No products in the basket. No products in the basket.