Preloader

НАМАЛЕНИ ЦЕНИ

Одлична прилика за Venu, Forerunner и Fenix со намалени цени во Neptun, Anhoch

ПОГЛЕДНИ ПРОИЗВОДИ

Кој велосипед е најдобар за Вашите потреби? – совети од Никола Лефков

За сите што навлегуваат во велосипедизмот, ќе ги објасниме видовите на велосипеди кои се достапни. Можеби ќе ви помогнеме да изберете категорија bike, a GARMIN има smart уред или часовник за секој велосипедист.

Доколку планирате најчесто да возите по асфалт, вашиот избор очигледно е друмски велосипед. Тоа е велосипед без амортизери, со тенки гуми и секако е многу лесен. Народски кажано, тркачки велосипед. Тоа се најбрзите велосипеди кои се возат денес, па дури и ќе се изненадите колку брзо можат да се возат.

За друмски велосипедизам, посебно ако сте веќе професионално навлезени, и сите параметри од вожњата Ви значат, еве некои предлог додатоци од GARMIN

Планинските велосипеди се дизајнирани да биде возени по неасфалтирани, земјени патишта и патеки. Можат да бидат со амортизер само напред (hardtail) или со два амортизери (full suspension) и тежат доста повеќе од друмските велосипеди. Овие велосипеди се доста флексибилни и ќе ви овозможат да поминувате низ тешки, предизвикувачки терени за возење. Доколку напреднете доволно во поминувањето на овие препреки, може да покажете интерес и за downhill, кој е посебна гранка на планинскиот велосипедизам. Тоа се велосипеди слични на планинските со поголеми суспензии предвидени за брзо поминување на специфични терени на спустовите, адреналински. Сепак, за повеќето планински предизвици кои ќе ги правите, сосема е доволен просечен hardtail планински велосипед.

       

Во планински велосипедизам освен bike компјутер, може да ви биде од корист и некој од outdoor и multisport часовниците.

Хибриден велосипед е комбинација од претходните два типа. Тоа е добра опција за почетници. Овој тип на велосипед ви дозволува да ги испробате и двата видови на терен. Уживањето на различни терени и услови може да ви даде насока каде би сакале да продолжите во велосипедизмот.


Хибридот можеби ќе го користите за спорт, рекреација но и секојдневни обврски, па тука ви предлагаме неколку lifestyle часовници со функции за мерење и анализа на bike активност.


Градски велосипед е добро прилагоден за урбаните области. Дизајнирани се за да се возат по асфалт, но ни приближно не е толку брз колку друмскиот. Доколку не сте заинтересирани спортски да возите велосипед, туку гледате да заштедите пари за транспорт или како вовед во спортот, овој велосипед е перфектен за да се движите низ градот, посебно ако живеете во рамни области.

За урбано движење, модерни часовници ќе го анализираат Вашиот ден со велосипед.

И конечно, е-велосипеди. Овие велосипеди се последните модерни иновации во велосипедизмот. Околу 50 % од продажбата на велосипеди денес вклучува батерија или електричен мотор. Е-велосипедите или велосипед со мотор, се наменети за повеќе услови и изгледаат скоро како и нормален велосипед што му нудат дополнителна помош по желба на возачот. Ова значи дека угорнините не се повеќе проблем, а исто така и доаѓањето на работа со велосипед не значи дека сте испотени.

Кога користите дополнителна енергија со e-bike, искористете ја и енергијата од сонцето со GARMIN solar функцијата.

 

Затвори

Најави се

Затвори

Кошничка (0)

Кошничката е празна Нема додадено производи во кошничката.

GARMIN

smart уреди за активен животен стил!





Овој производ може да се купи на 3-36 рати.