×

Cart

Subtotal:

Прославете го денот на пешачењето со GARMIN

Во свет исполнет со HIIT (High Interval Intensity Training) и тренинзи што ги пратат новите фитнес моди, лесно е да се занемари една од наједноставните и најпристапните форми на вежбање – пешачењето. 

3 Април е прогласен за Национален ден на пешачењето, па ајде да се осврнеме малку кон неговото значење и кои сѐ придобивки можете да ги имате доколку пешачите секој ден. 

Придобивка #1: Подобрено кардиоваскуларно здравје

Пешачењето е кардиоваскуларна вежба која го поттикнува вашето срце да пумпа и да ја пренесува крвта. Редовното одење помага во зајакнување на срцевиот мускул, го намалува крвниот притисок и ја подобрува циркулацијата. Со намалување на ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, пешачењето претставува витална компонента клучна за одржување на здраво срце и подобар живот.

Придобивка #2: Подобрена психолошка благосостојба

Психолошките придобивки од пешачењето се исто толку значајни како и физичките. Одењето ослободува ендорфин, невротрансмитери кои делуваат како природни подигачи на расположението, намалувајќи го стресот, анксиозноста и депресијата.  

Придобивка #3: Помага при слабеење

Одењето со брзо темпо согорува калории и помага во управување со тежината. Без разлика дали сакате да го намалите вишокот килограми или да ја одржувате моменталната тежина, вклучувањето на секојдневни прошетки во вашиот живот може да помогне во подобрување на метаболизмот и намалување на маснотиите. Дополнително, пешачењето е вежба што е пријателски настроена кон зглобовите, па доколку трчањето не е опција за вас, пешачењето е одлична замена.

Придобивка #4: Подобрен квалитет на спиење

Пешачењето може да ви помогне да го регулирате спиењето и да имате поквалитетен сон во текот на ноќта. Секојдневното правење на минимум 6000 чекори помага релаксирање на телото и умот и во ублажување на несоницата.

Придобивка #5: Може да го правите било каде без посебна опрема

За разлика од други видови на тренинзи за кои ви се потребни посебни реквизити и опрема, пешачењето може да го правите било каде. Сѐ што ви треба се добри патики, и секако, да не го заборавиме и GARMIN часовникот кој со неверојатна прецизност ќе ви ги измери направените чекори, потрошените калории, пулост и многу други параметри.

Токму така, eдна од основните карактеристики на GARMIN  часовниците е нивната способност прецизно да ги следат вашите чекори и напредокот. Без разлика дали се шетате во природа, планинарите по планинска патека или едноставно се движите низ вашата дневна рутина, GARMIN часовниците ќе ви даваат прецизна евиденција за секој чекор што го правите. Со синхронизирање на часовникот со бесплатната апликација GARMIN Connect која е компатибилна и со Android и со iOS, ќе можете да стекнете увид во вашето пешачење, да поставувате цели и да ги следите подобрувањата со текот на времето. 

https://www.youtube.com/watch?v=G3Wz7tSknzE 

Постигнувањето на фитнес целите често бара доза на мотивација, па затоа GARMIN часовниците се дизајнирани да ве инспирираат на секој чекор. Со функции и потсетувања како што се дневните цели за чекори, потсетници за активности и предизвици, GARMIN часовниците ќе ви го направат пешачењето една од омилените активности во текот на денот. 

Прославете го Националниот ден на пешачењето и одберете го вашиот верен придружник уште денес. Погледнете ги сите GARMIN часовници тука.