×

Cart

Subtotal:
Погледнете ја нашата BLACK FRIDAY понуда. Кликни за повеќе  
 

Како да го изберете најдобриот тренажер за вас

 
 

Од велосипедисти почетници до професионални тркачи, GARMIN има тренажер со кој ќе можете да возите велосипед во затворен простор, наменет за сечиј вкус.

 

Не секогаш времето е на ваша страна за возење на велосипед надвор, а ние го разбираме тоа. Можеби сонцето е премногу силно или пак настапил студот, а се навестува и снег. Без разлика на тоа, со GARMIN секогаш можете да го возите вашиот велосипед во удобноста на својот дом. Можете да се подготвите за вашата следна велосипедска трка со нашата паметна технологија - или едноставно да останете во форма - во секое време, а ние сме тука да помогнеме и еве како.

 

Доколку се прашувате кој GARMIN Tacx - тренажер за велосипеди - е најдобар за вас, одговорот е различен и зависи од вашиот животен стил и цели. Затоа, ние се обидовме да ги разграничиме различните потребни на нашите корисници и да ги вметнеме во овој блог со цел да им помогнеме на сите идни љубители на возење велосипед во затворен простор.

 

Можеби сте нови во возењето велосипед и барате лесно поставување на тркалото или сакате едноставни ролери за вежбање на вашата рамнотежа и форма на велосипед. Можеби сакате извонредно искуство со високотехнолошки тренер со директно возење или сакате да ги надградите вашите сесии за тренинг во затворени простории со врвен паметен велосипед.

 

Без разлика кои се моментално вашите желби и цели кога станува збор за вашето велосипедско патување, ние сме сигурни дека го имаме вистинскиот тренажер за вас.

 

Штотуку навлегувате во светот на возење велосипед

Ви треба нешто едноставно што ќе ви овозможи да тренирате со самодоверба? Tacx Boost Bundle е нашиот одговор. 

 

Потребни се два клика - да, два - за да се постави овој дизајн на тркалото кој мери брзина, моќност и растојание. Лесно се движи и складира благодарение на мултифункционалната поддршка на предните тркала, која може да послужи како рачка кога тренажерот е преклопен. Има 10 нивоа на отпор, поддржува моќност до 1.050 вати и има магнетна сопирачка. Сензорот за брзина кој е вклучен во пакетот значи дека овој тренер е компатибилен и со апликацијата Tacx Training и со други апликации како што е на пример Zwift. 

 

 

Вие сте вешт велосипедист кој сака да ги усовршува баланост и движењата

Тука ќе ви понудиме два неверојатни Tacx ролери. Првиот е Tacx Galaxia ролер со систем за осцилација. Ако сакате да го вежбате балансот и движењето на педалата, овој ролер е создаден за вас. Нуди патентиран систем за нишање што ги апсорбира ненадејните движења од спринт или менување темпо за да можете да избегнете излетување од шините. Плус, се повлекува, што го олеснува складирањето.

 

Другиот е Tacx Antares. Ако не ви е потребен дополнителниот систем за нишање кој го има кај Galaxia, овој ролер нуди стабилно возење со конусни ролери, а и за него важи истото - лесен е за складирање така што не се грижете дека постојано ќе ви зафаќа голем простор во собата.

Сакате непречено и респонзивно искуство

 

И тука GARMIN ви нуди два модели со мала адаптација. Тоа се Tacx Flux 2, паметен тренажер со среден опсег што може да се справи со спринтови до 2.000 вати, нуди симулирани наклони до 16%, а моќност и брзина измерени до 2,5%. Тешкиот замаец на овој тренажер обезбедува непречено и одговорно чувство на возење за секој тренинг во затворен простор, како и виртуелно возење. И, другиот паметен тренажер е Tacx Flux S Smart - екстра тивок тренажер кој може да се справи со спринтови до 1.500 вати. Може да се искачувате на симулирани стрмнини до 10% со непречено и одговорно чувство на возење благодарение на тешкиот замаец.

Сакате точно следење на перформансите и врвно возење

Tacx NEO 2T: Се одликува со мотор со магнет Tacx NEO и виртуелен замаец, што значи дека ќе добиете потивко возење, моќност и брзина измерени со точност од 1% и рамнотежа лево/десно. Може дури и да симулира искачувања до 25% наклон и да ви помогне да останете стабилни за време на спринтови до 2.200 вати. 

 

Tacx NEO 3M: Нашиот најпрецизен и најмоќен паметен тренажер кој ви дава чувство на вистинско возење на отворено благодарение на магнетниот мотор Tacx NEO, виртуелниот замаец и вградените плочи за движење. Овој извонредно тивок тренер може да се справи со спринтови до 2.200 вати и искачувања до 25%. Не треба да се калибрира или приклучува кога сте подготвени за возење, а има претходно инсталирана SHIMANO/SRAM касета со 11 брзини.

Сакате сè-во-едно премиум паметен велосипед

Дали ни е дозволено да имаме омилени тренажери? Затоа што тоа со сигурност би бил Tacx NEO Bike Plus. 

 

Овој сè-во-едно паметен тренер ги нуди сите придобивки од нашите врвни NEO Smart тренери без да се грижите дали ќе го вклучите или исклучите велосипедот - тој е подготвен за возење во секое време. Плус, тој е целосно приспособлив за повеќе спортисти.

 

И кога велиме дека ќе се чувствувате како да сте надвор, го мислиме тоа. Нашата технологија NEO значи дека можете да го почувствувате патот под вашите педали - дури и калдрма и чакал. Исто така, нуди непречено виртуелно менување, симулирани наклони до 25% и максимална стабилност за моќност до 2.200 вати и повеќе.

 

Не грижете се дури и ако сте ранобудник и возите рано наутро или пак ноќна птица и преферирате вечерни возења. Супер тивкиот Tacx NEO Bike Plus ќе се погрижи да не разбудите никој дома. Плус, има интегриран дисплеј од 4,5 инчи со USB полнач, вградени вентилатори и пет должини на рачката. Менувачите се исто така приспособливи за SHIMANO, SRAM и Campagnolo.

 

Потребни додатоци: 

Tacx подлога. Заштитете го вашиот под и направете ги уште побезвучни вашите тренажери. 

 

Апликација Tacx Training. Достапна е на вашиот компатибилен паметен телефон, таблет или десктоп. Избегајте од вашата дневна соба и возете низ Скандинавија, на пример, со повеќе од 250 видеа од реалниот живот. Плус, завршете ги тренинзите за вашиот план за тренинг од Garmin Connect во апликацијата на вашиот паметен тренер Tacx. Кога ќе завршите, сите податоци автоматски се синхронизираат и се поставуваат во апликацијата Garmin Connect.

 

Тука сме за поддршка и информации при изборот на Вашиот Tacx паметен тренажер за велосипеди.

 

Мила Павловска

GARMIN Showroom Manager

mila@garmin.mk

 

+389 75 306 200