×

Cart

Subtotal:
Погледнете ја нашата BLACK FRIDAY понуда. Кликни за повеќе  
 

Новите Garmin Lily 2 Active – мали, елегантни паметни часовници со вграден GPS

 
 

Повторно нешто ново од нас? Да, добро прочитавте. Овој пат, GARMIN ги исполни желбите на секоја активна жена. 

 

Ви ги претставуваме новите модни паметни часовници кои покрај добро познатите квалитети од претходните Lily 2 верзии (основни функции за здравје, фитнес и поврзување), ви нуди и клучно дополнување - вграден GPS. Сега, можете да го имате совршениот паметен часовник кој ќе ви помогне да изгледате и да се чувствувате одлично 24/7.

 

Lily 2 Active е најновиот во поставата на модерни паметни часовници кои додаваат вграден GPS и вклучуваат популарни карактеристики за здравје, благосостојба и корисни функции за секоја жена. Како најмалиот паметен часовник со GPS на GARMIN, Lily 2 Active се одликува со безвременски дизајн со метално куќиште за часовник, две копчиња и скриен дисплеј со уникатна леќа. Може да се пофали и со издржливост на батеријата до 9 дена во режимот на паметен часовник и до 9 часа во GPS режимот. Со ова, корисниците имаат доволно време да останат активни со функции како што се вежбање, планови за тренирање на GARMIN Coach за трчање, нови спортски апликации и друго.

 

Од работа и состаноци, до спортски сали и тешки тренинзи, Lily 2 Active е подготвен за каде и да ве однесе денот. Со вграден GPS и сензори што мерат постојано кога го носите часовникот, добивате постојано следење на здравјето, утрински извештај, па дури и активност за медитација. 

 

Модерен дизајн

Спојувајќи го класичниот изглед со модерната технологија, Lily 2 Active воведува две странични копчиња за полесно започнување и запирање на активност. Секој модел има и мало и издржливо метално куќиште за часовник, силиконски ленти и уникатна леќа која со допир или при вртење на зглобот, го открива светлиот екран. 

 

Lily 2 Active е достапен во три прекрасни модели на кои нема да остане рамнодушна ниедна девојка и жена. 

 

Функции што ќе ве натераат Lily 2 Active да биде вашиот нов паметен часовник

Вграден GPS: прецизно следете ги активностите на отворено, вклучувајќи прошетки, трчање и слично.

Следење на енергијата преку Body Battery параметарот: следете ги нивоата на енергија во текот на денот за да успеете да ги детектирате најдобрите периоди за активност и одмор.

Оценка за спиење: добијте оценка за квалитетот на спиењето, како и увиди за тоа како да го подобрите. Следете ги и различните фази на спиење,

Увид во благосостојбата: информации за отчукувањата на срцето, варијабилноста на отчукувањата на срцето, стресот, Pulse Ox2 и дишењето.

Следење на фитнес: следете ги чекорите, потрошените калории, времето и интензитетот. 

Нови спортски апликации: Вклучете го тренингот со новите вградени спортски апликации за тенис, возење велосипед во затворен простор и голф.

Вежби на екранот: преземајте и следете ги тренинзите за сила, HIIT, јога и слично, директно од екранот на часовникот.

Garmin Coach: Тренирајте за претстојната трка со бесплатни адаптивни планови за обука од стручни тренери.

Garmin Pay бесконтактни плаќања: Плаќајте директно од вашиот часовник со Visa и MasterCard од Стопанска Банка и Халк Банка и VISA картичките од Комерцијална Банка.

Бесплатна апликација за паметни телефони Garmin Connect: прегледувајте ги податоците за здравјето и фитнесот, поврзете се со пријателите и учествувајте во предизвици - сето тоа бесплатно.

 

Изгледајте и чувствувајте се добро - внатре и надвор

 

Дизајниран за секој начин на живот, Lily 2 Active им обезбедува на корисниците утрински извештај кој вклучува преглед на нивниот сон - вклучувајќи ја и нивната варијабилност на отчукувањата на срцето - плус дневен календар, временски услови и повеќе по будењето. Додава и Health Snapshot, што им овозможува на корисниците да евидентираат 2-минутна сесија за да ги снимаат клучните здравствени статистики како што се отчукувањата на срцето, пулсот и дишењето. Во време на стрес, активноста за медитација ги води корисниците низ практики за медитација, додека активноста за дишење обезбедува различни техники на дишење кои треба да се следат веднаш од часовникот. Lily 2 Active вклучува и функции за следење на здравјето на жените, дозволувајќи им на корисниците да го следат нивниот менструален циклус и бременост, а исто така добиваат едукација за вежбање и исхрана.




Конструирани одвнатре за живот однадвор, производите на GARMIN го револуционизираа животот на тркачите, велосипедистите, пливачите и спортистите. Посветен на развивање технологија која им помага на луѓето да останат активни и да ги подигнат перформансите, GARMIN верува дека секој ден е можност за иновации и шанса да се победи вчерашниот ден. Погледнете го нашиот спектар на производи на garmin.mk и поврзете се со @garmin.mk на социјалните мрежи за информации и подршка.

 

 

 

Тука сме за секоја поддршка при изборот на модел.

 

Мила Павловска

GARMIN Showroom Manager

mila@garmin.mk

+389 75 306 200