×

Cart

Subtotal:

Како GARMIN часовниците можат да издржат и до 37 дена само со едно полнење

Премиум квалитетот и неверојатната робусна технологија на GARMIN часовниците веќе многу години се познати насекаде низ светот. Поведени од нашето мото „beat yesterday“, никогаш не запираме со иновирање и воведување на функционалности што дополнително ќе го олеснат секојдневието на секој GARMIN корисник. 

GARMIN часовниците се создадени со цел да го пратат секој ваш чекор постојано, па затоа ги дизајниравме на начин со кој нема да треба да ги полните секоја вечер. Батеријата на GARMIN часовниците трае од 7 до 37 дена со едно полнење, во зависност од моделот. Триесет и седум дена. Да, добро прочитавте. Можеби сега се прашувате како е ова возможно, па ајде да ве запознаеме со соларното полнење кај GARMIN часовниците. 

По екстензивно тестирање и развој, пред 5 години го создадовме fenix 6X Pro Solar, нашиот прв GARMIN уред подложен на соларно полнење. Тоа беше пресуден момент за нас, бидејќи конечно успеавме да ги исполниме нашите сопствени очекувања и очекувањата за она што нашите корисници очекуваа од еден соларен паметен часовник. Сега, 5 години подоцна, GARMIN на своите корисници им нуди широк спектар на часовници со соларен дисплеј.

Како функционира соларното полнење кај еден GARMIN часовник?

Соларното полнење е овозможено со еден полутранспарентен слој соларни ќелии кои се врзани помеѓу стаклото и екранот на паметниот часовник. Овој слој, кој се состои од две различни густини на соларни траги, собира енергија од сонцето и ја претвора во електрична енергија за да обезбеди дополнително полнење на батеријата. Соларниот панел е проѕирен и се протега низ целиот екран на часовникот со цел да привлече најоптимално количество на сончева енергија.

Кои се придобивките од користење на GARMIN часовник со соларен дисплеј?

Главната придобивка е долгото траење на батеријата. Соларното полнење ви ја дава потребната моќ за да го искористите времето надвор продолжувајќи го животниот век на батеријата со цел подолготрајно да уживате во присуството на вашиот GARMIN часовник.

Иако не е наменет како примарен извор на полнење, сончевиот интензитет е видливо прикажан на watch face-от на часовникот што укажува на добиената количиња на сончева светлина. Оваа функционалност е многу корисна за сите оние што сакаат активности на отворено бидејќи го продолжува животниот век на батеријата без напор, додека го правите токму тоа што вие го сакате. Дополнително, соларното полнење е суптилно и беспрекорно интегрирано без да се загрози функционалноста и дизајнот на часовникот.

 

Fun fact: Со GARMIN Instinct® 2 Solar и Instinct® 2X Solar, можеби ќе можете да достигнете и неограничено траење на батеријата. Така што, не бидете изненадени доколку забележите бесконечен симбол на местото на бројот за преостанати денови на вашиот GARMIN Instinct Solar часовник.

Кои GARMIN часовници имаат соларно полнење?

Совети како да го добиете најдоброто соларно полнење

За да го максимизирате вашето искуство со полнење на сончева енергија, погрижете се екранот од часовникот директно да е свртен кон сонцето. Носењето на уредот со екранот изложен на сончева светлина, надвор од ракавот, ја подобрува апсорпцијата на сонцето. Важно е да се забележи дека соларното полнење го надополнува траењето на батеријата на вашиот уред, но не е дизајнирано да ги замени примарните извори на полнење со полнач кој го добивате заедно со вашиот GARMIN часовник.

Одберете го совршениот GARMIN солар часовник за вас

Тука сме за секоја поддршка при изборот на модел.
Мила Павловска
GARMIN Showroom Manager
+389 75 306 200