×

Cart

Subtotal:
НАМАЛЕНИ ЦЕНИ ЗА МАТУРАНТИ - Fenix 8, Forerunner, Venu 3, Vivoactive 6 - Погледнете повеќе  
 
 

Дали вашите „фитнес години“ се совпаѓаат со реалните?

Дали некогаш сте почувствувале дека имате повеќе (или помалку) енергија од вашите врсници? Во светот на здравјето и технологијата, годините во вашата лична карта се само еден обичен број. Она што навистина е важно за вашата долговечност и виталност се вашите фитнес години.

 

Замислете да имате 60 години, а вашето тело, срце и бели дробови да функционираат со капацитет на еден 40-годишник. Со Garmin, ова не е само сон – тоа е мерлива реалност.

Што всушност се „Фитнес години“ (Fitness Age)?

Накратко, фитнес годините се проценка на Garmin за тоа колку е фит вашето тело во споредба со вашата реална возраст.

Пример: Ако имате 35 години, а вашиот паметен часовник Garmin ви покаже фитнес возраст од 31 година, тоа значи дека вашето ниво на физичка подготвеност е над просекот за вашата возрасна група. Вашето тело „старее“ побавно!

Како Garmin ја пресметува вашата фитнес возраст?

Постарите технологии се потпираа исклучиво на еден параметар. Но, поновите модели на Garmin часовници користат напредни алгоритми кои комбинираат неколку клучни здравствени и перформанс фактори за максимална прецизност:

 

Зошто вашите фитнес години се менуваат?

Фитнес возраста не е константна бројка и паметниот часовник не е медицинска дијагноза – тој е ваш дигитален ментор. Оваа бројка може да се подобри или да се влоши со текот на времето, во зависност од вашите секојдневни навики:

  1. Конзистентност во тренинзите: Редовното вежбање го одржува телото младо.

  2. Квалитетен одмор и регенерација: Спиењето и балансот се клучни.

  3. Здравјето на срцето и промените во тежината: Намалувањето на вишокот масти веднаш ги „подмладува“ вашите фитнес години во апликацијата Garmin Connect.

 

Како да го „подмладите“ вашето тело? (Препораки од Garmin)

Најдобрата вест е што имате целосна контрола над овој процес. Мали, конзистентни подобрувања во текот на неколку недели можат да направат огромна разлика. Garmin препорачува:

 
 

Вашето тело е инвестиција на долг рок

Целта на Garmin не е само да брои чекори, туку да ве мотивира да изградите поздрави навики. Следењето на фитнес годините ви дава јасна слика каде се наоѓате денес и ве води кон целта: вашето тело на 60+ години да ја има виталноста, силата и енергијата на 40-годишник. Погледнете го вашиот Garmin часовник денес. Колку години има вашето тело?


Секој GARMIN часовник ги следи и анализира параметрите за Fitness Age

Деталните податоци, дневни, неделан, месечен, годишен тренд се меморираат и анализираат на часовникот и вашиот GARMIN Connect профил. Изберете го вашиот GARMIN и посветете малку време на себе и своето здравје.


Достапни кај продажните партнери или online на garmin.mk

Изберете со промо цени, можност за рати без камата, онлине нарачка со бесплатна достава до адреса.