×

Cart

Subtotal:
HOLIDAY SALE - СЕГА Е МОМЕНТОТ ЗА ДОБРА ЦЕНА!  

Спиењето не е луксуз, туку основна потреба за телото и умот. Додека спиеме, организмот се обновува, мозокот ги обработува информациите од денот, а телото се подготвува за нови предизвици.

Доволното и квалитетно спиење:

•🧠 ја подобрува концентрацијата, меморијата и способноста за учење

•❤️ го поддржува здравјето на срцето и крвниот притисок

•🛡️ го зајакнува имунолошкиот систем

•⚖️ помага во регулирање на телесната тежина и хормоните

•😊 позитивно влијае на расположението и менталното здравје

Недостатокот на сон, пак, може да доведе до замор, раздразливост, намалена продуктивност, послаб имунитет и зголемен ризик од хронични заболувања.

За возрасни лица, најчесто се препорачуваат 7–9 часа сон секоја ноќ. Но, не е важна само должината, туку и квалитетот на спиењето — редовен распоред, мирна средина и ограничување на екрани пред спиење прават голема разлика.

Како да го следите сонот, колку време, дали имате континуитет, фази на спиењето

Еве неколку предлог модели на GARMIN часовници кои го следат, мерат, анализираат вашиот сон. Не само еден ден, не само како општа инвормација - колку време, туку детално, со анализи на фази, со анализа, пресметка и совет колку сон ви е потребен, кога е доволно, кога треба да додадете малку. Податоците ги гледате и на часовникот и на Вашиот личен акаунт на Garmin Connect. Од анализа на спиењето се поврзуваат и други анализи, за подготвеност за тренинг, за батерија на телото, за потрошени калории ...

Заклучок: Грижата за добар сон е инвестиција во нашето физичко, ментално и емоционално здравје. Кога спиеме добро, живееме подобро.

Јасна е важноста на сонот, јасно е дека треба да дадеме фокус на неговиот квалитет. Да го следиме, да го унапредуваме, да анализираме долгорочно. Ако одлучите да го анализирате и подобрите сонот со GARMIN часовник, можете да го изберете вашиот во Anhoch, Neptun, Setec, Ananas, eKupi, Telekom или online.