×

Cart

Subtotal:
Погледнете ја нашата BLACK FRIDAY понуда. Кликни за повеќе  

Преземете ја контролата во ваши раце со елегантните GARMIN часовници

Секоја жена заслужува сигурен придружник кој беспрекорно го спојува стилот со функционалноста. Токму така, и вие заслужувате GARMIN часовник кој покрај тоа што ќе го направи вашиот изглед поелегантен, ќе ви помогне подобро да го организирате секој ден и ќе ви обезбеди контрола над вашето здравје и убавина.

Еве како GARMIN часовниците можат да бидат совршен придружник на модерната жена.

Елеганција на вашиот зглоб:

Ние од GARMIN разбираме дека стилот е личен став. Затоа, гарантираме дека од нашиот широк спекар на часовници кои ги има во различни големини, дизајни и намени, од поспортски до поелегантни, ќе го пронајдеме најдобриот пријател на секоја жена. Без разлика дали се подготвувате за деловен состанок, вежбање или забава, GARMIN часовникот без напор ќе го надополнува вашиот целокупен изглед.

Станете кралица на контролата и организираноста:

Со денешното брзо темпо на живот од суштинско значење е да останете организирана. GARMIN часовниците ви даваат известувања, овозможувајќи ви да примате повици, пораки и предупредувања директно на вашиот зглоб. Со функциите за синхронизација на календарот и потсетниците, можете да бидете сигурни дека ќе блескате на секое поле.

 

Напредно следење на фитнес и вежбање:

 

GARMIN часовниците се опремени со робусни функции за следење на фитнесот. Тие точно и прецизно ги следат чекорите, потрошените калории и поминатото растојание. Погледнете низ големиот спектар на специјализираните спортски режими за активности како што се трчање, возење велосипед, пливање, јога, тренинзи за сила, планинарење и многу други, одберете ја посакуваната активност и бидете сигурни дека вашиот часовник ќе ви обезбеди детални метрики со кои ќе ги оптимизирате своите фитнес активности.

 

Следење на отчукувањата на срцето:

 

Разбирањето на активноста на вашето срце е повеќе од само бројка – тоа е прозорец кон перформансите на вашето тело и целокупното здравје. Со помош на иновативна технологија, GARMIN часовниците го револуционизираат искуството за следење на отчукувањата на срцето, давајќи ви прецизност и увид директно на вашиот зглоб.

 

Pulse Ox сензор:

 

Во потрагата по сеопфатно здравје, разбирањето на нивото на кислород во вашето тело е исто толку важно како и следењето на пулсот. Пулс оксиметарот ги мери нивоата на заситеност со кислород во крвта, нудејќи ви увид во тоа колку добро вашето тело го апсорбира кислородот. сензорот обезбедува следење во движење на нивоата на заситеност со кислород во крвта, попозната како SpO2. Овој увид во реално време за вашите нивоа на кислород придонесува за сеопфатно разбирање на вашето респираторно здравје.

 

 

Квалитет на сон:

 

Квалитетниот сон е клучен за секој човек, но поготово за жената. За секоја мајка, менаџерка, адвокатка, спортистка, ученичка…Разбирањето на фазите на спиење е од суштинско значење за целокупната благосостојба. Затоа, GARMIN часовниците ви нудат функции за следење на спиењето и корисни совети кои ќе ви помогнат да си го подобрите сонот и да бидете подготвени за секој предизвик што ќе го донесе наредниот ден.

 

Минимизирање на стресот:

 

GARMIN часовниците се тука да го следат вашето целокупното здравје. Тие ги мерат нивоата на стрес во текот на денот, потсетувајќи ве кога треба да си земете време за себе и да се релаксирате.

 

Следење на менструалниот циклус:

 

Препознавајќи ја важноста на здравјето на жените, повеќето GARMIN часовници вклучуваат функции за следење на менструалниот циклус. Овие функционалности им помагаат на жените да ги следат нивните менструални циклуси, „прозорците“ на плодност и симптомите, обезбедувајќи ви сеопфатен преглед на вашето репродуктивно здравје.

 

 

Порасположен ден слушајќи музика директно од вашиот GARMIN часовник:

Некои од GARMIN часовниците имаат можност за складирање на музика. Прошетајте се, вежбајте и трчајте, слушајќи ги вашите омилени песни без дополнителен терет од вашиот телефон.

Бесконтактни плаќања со GarminPay:

 

Излеговте од дома брзајќи и го заборавивте паричникот дома? Без грижи! Со Garmin Pay, можете да правите безбедни бесконтактни плаќања директно од вашиот GARMIN часовник. Погледнете на нашата веб-страница и откријте кои часовници ја имаат оваа функционалност. Повеќе тука – https://garmin.mk/garminpay

 

GPS tracking и навигација:

 

Дали веќе знаевте дека GARMIN е пионер во GPS технологијата? GARMIN часовниците обезбедуваат прецизно GPS следење на активностите, функционалност, особено корисна за оние жени чија пасија е планинарењето, трчањето и велосипедизмот.

 

Толку елегантни, моќни и функционални, а овој месец и многу подостапни. Одберете го совршениот GARMIN часовник и искористете го попустот кој трае до 31.03.2024 година.

 

Честит 8-ми март,

 

Мила Павловска
GARMIN MK Showroom Manager
+389 75 306 200
mila@garmin.mk