×

Cart

Subtotal:
Погледнете ја нашата BLACK FRIDAY понуда. Кликни за повеќе  

GARMIN часовници со сафирно стакло – супериорна издржливост и елегантен стил

Во свет исполнет со HIIT (High Interval Intensity Training) и тренинзи што ги пратат новите фитнес моди, лесно е да се занемари една од наједноставните и најпристапните форми на вежбање – пешачењето. 

3 Април е прогласен за Национален ден на пешачењето, па ајде да се осврнеме малку кон неговото значење и кои сѐ придобивки можете да ги имате доколку пешачите секој ден. 

Придобивка #1: Подобрено кардиоваскуларно здравје

Пешачењето е кардиоваскуларна вежба која го поттикнува вашето срце да пумпа и да ја пренесува крвта. Редовното одење помага во зајакнување на срцевиот мускул, го намалува крвниот притисок и ја подобрува циркулацијата. Со намалување на ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, пешачењето претставува витална компонента клучна за одржување на здраво срце и подобар живот.

Придобивка #2: Подобрена психолошка благосостојба

Психолошките придобивки од пешачењето се исто толку значајни како и физичките. Одењето ослободува ендорфин, невротрансмитери кои делуваат како природни подигачи на расположението, намалувајќи го стресот, анксиозноста и депресијата.  

Придобивка #3: Помага при слабеење

Одењето со брзо темпо согорува калории и помага во управување со тежината. Без разлика дали сакате да го намалите вишокот килограми или да ја одржувате моменталната тежина, вклучувањето на секојдневни прошетки во вашиот живот може да помогне во подобрување на метаболизмот и намалување на маснотиите. Дополнително, пешачењето е вежба што е пријателски настроена кон зглобовите, па доколку трчањето не е опција за вас, пешачењето е одлична замена.

Придобивка #4: Подобрен квалитет на спиење

Пешачењето може да ви помогне да го регулирате спиењето и да имате поквалитетен сон во текот на ноќта. Секојдневното правење на минимум 6000 чекори помага релаксирање на телото и умот и во ублажување на несоницата.

Придобивка #5: Може да го правите било каде без посебна опрема

За разлика од други видови на тренинзи за кои ви се потребни посебни реквизити и опрема, пешачењето може да го правите било каде. Сѐ што ви треба се добри патики, и секако, да не го заборавиме и GARMIN часовникот кој со неверојатна прецизност ќе ви ги измери направените чекори, потрошените калории, пулост и многу други параметри.

Токму така, eдна од основните карактеристики на GARMIN  часовниците е нивната способност прецизно да ги следат вашите чекори и напредокот. Без разлика дали се шетате во природа, планинарите по планинска патека или едноставно се движите низ вашата дневна рутина, GARMIN часовниците ќе ви даваат прецизна евиденција за секој чекор што го правите. Со синхронизирање на часовникот со бесплатната апликација GARMIN Connect која е компатибилна и со Android и со iOS, ќе можете да стекнете увид во вашето пешачење, да поставувате цели и да ги следите подобрувањата со текот на времето. 

https://www.youtube.com/watch?v=G3Wz7tSknzE 

Постигнувањето на фитнес целите често бара доза на мотивација, па затоа GARMIN часовниците се дизајнирани да ве инспирираат на секој чекор. Со функции и потсетувања како што се дневните цели за чекори, потсетници за активности и предизвици, GARMIN часовниците ќе ви го направат пешачењето една од омилените активности во текот на денот. 

Прославете го Националниот ден на пешачењето и одберете го вашиот верен придружник уште денес. Погледнете ги сите GARMIN часовници тука.

GARMIN Epix Gen 2

Epix Gen 2 часовниците се неверојатен спој на AMOLED дисплеј заштитен со сафирно стакло. Овој часовник комбинира стил со врвни перформанси, вклучувајќи GPS навигација, напредно следење на здравјето и паметни известувања. Совршен е за оние што сакаат мултифункционален паметен часовник со елегантен дизајн.

 

GARMIN MARQ колекција

MARQ колекцијата нуди луксузни часовници кои комбинираат сафирно стакло со врвни карактеристики. Овие часовници се погодни за луѓе со различни животни стилови, од авијација до авантура, а, секако доаѓаат и со врвен софистициран дизајн.

 

GARMIN Enduro

За спортистите, Enduro е одличен избор со дисплеј заштитен со сафир и батерија што трае до 50 дена. Овој спортски часовник е создаден за екстремни перформанси и ви нуди напредни метрики за тренирање и опоравување.

 

GARMIN часовниците со сафирно стакло нудат исклучителна издржливост, отпорност на гребење и стил. Без разлика дали сте ентузијаст за спортови на отворено или некој што ја цени квалитетната изработка, овие часовници ќе ви бидат најдобрата инвестиција во наредните години.

Одберете го совршениот GARMIN солар часовник за вас

Тука сме за секоја поддршка при изборот на модел.
Мила Павловска
GARMIN Showroom Manager
+389 75 306 200